1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бегалците во улога на информанти на тајните служби на САД?

За напади на американските беспилотни летала се користени информации добиени од испрашување на баратели на азил во Германија, тврди екс-соработник на Пентагон. Политичари и експерти бараат одговор од владата во Берлин.

Американските тајни служби користат информации добиени од испрашувањето на барателите на азил во Германија за извршување на нападите со беспилотни летала. Според изјавите на поранешен висок по ранг функциониер на Пентагон, ваквите информации се слеваат во посебен аналитички систем на американските тајни служби.

Понекогаш се доволни дури и навидум банални информации „за потврда на целта или можеби и за издавање на наредба за убиство“. Германските служби, наводно, систематски ги снабдуваат САД со информации кои потекнуваат од бегалците. Во нив спаѓаат и податоци за мобилните телефони на осомничените за тероризам.

Централна улога притоа, според истражувањата на „Норддојче рундфунк“и „Зиддојче цајтунг“, има Главната централа за испрашување, институција која работи тајно, а е подредена на канцеларскиот кабинет, како и БНД.

За деталните искажувања на барателите на азил за безбедносната ситуација во нивните татковини и за одделни личности, како исламски екстремисти, вреднување вршат и воените тајни служби на САД и Велика Британија. Германските заштитници на правата на барателите на азил и политичари оваа пракса ја оценуваат како противправна и бараат објаснување од германската влада.

Тајни агенти или „практиканти“

Еден сомалиски бегалец известува дека бил испрашуван од германски службеници во врска со водачите на исламистичката Ал-Шабаб милиција.Тој навел телефонски број и детали за местото на престој на еден од водачите на милицијата, но не дознал за која цел ќе бидат користени неговите информации.Лицата кои вршат испрашување не се легитимирале како припадници на тајна служба. Ова очигледно не е поединечен случај. Преведувач при вакви разговори раскажува дека лицата кои вршат испрашување по правило се претставуваат како „практиканти“.

Според информациите на поранешен соработник од САД и Велика Британија, постои централа каде се слеваат информациите од испрашувањата на бегалците. Понекогаш американски и британски агенти и самите учествуваат во испрашувањата.

Според долгогодишен екс-соработник на Пентагон, кој и самиот вршел испрашување на баратели на азил во Германија, добиените информации од изјавите на барателите на азил се собираат заради воени операции.

„Се разбира, не се само информациите од испрашувањата тие што водат кон бомбардирање на одредени цели, но тие влијаат врз нашите одлуки за можните цели“, вели поранешниот американски таен агент.

Портпарол на германската влада за „Норддојче рундфунк“и „Зиддојче цајтунг“ потврди дека околу 40 соработници на Централата за испраѓување, формирана во 1958. година, вршеле испрашување на баратели на азил и иселеници кои доаѓаат од кризните региони и држави, со посебно значење во надворешно и безбедноснополитичките прашања.

Учеството во испрашувањето било доброволно, а за содржината на разговорите, натамошното проследување на инфорамциите на странски тајни служби и употребата на податоците за воени операции владата не сака да заземе став, повикувајќи се на прописите за тајност.

Остра критика кон тајните служби

Германските активисти за човекови права и политичари ваквата пракс ана тајните служби за сметаат за противправна. Франкфуртскиот адвокат чија специјалност е правото на азил и соосновач на бегалската организација Про азил, Виктор Пфаф, во оваа пракса гледа „злоупотреба на постапката за азил и злоупотреба на довербата, која се очекува од подносителот на барањето“.

Скриеното собирање информации во рамките на постпаката за азил , според Пфаф, се коси со германското и европското право за азил, како и со Женевската конвенција за бегалците. Портпаролот на СПД за внатрешна политика Михаел Хартман истакнува дека во ниеден момент „ не е прифатливо ако преку испрашувањето вршено од германските служби макар и индиректно се овозможува целно убивање“. Пратеникот на Партијата на зелените Ханс-Кристијан Штребеле ги оцени германските служби, кривично правно, за можна совина при вршењето илегални акции на убивање од страна на САД.