1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бегалски брод потона пред Индонезија

Најмалку 217 луѓе исчезнаа откако пренатрупан брод со имигранти од Индонезија кој пловел кон Австралија потонал во немирното море источно од индонезискиот остров Јава.

default

Бегалците го ризикуваат животот

Властите веруваат дека илегалните економски имигранти на дрвениот брод биле од Блискиот Исток, но и од Иран и од Авганистан. Индонезија е транзитно подрачје за имигрантите од Блискиот исток, кои во потрага по подобар живот бегаат во Австралија.

Сахрул Арифин од Одделот за вонредни состојби изјави дека се спасени 76 луѓе, од вкупно 380, колку што се претпоставува дека се наоѓале на бродот. Меѓу нив имало и момчиња на возраст од осум до десет години. Големите бранови го искршиле нивниот брод во саботата навечер, а спасените патници се дехидрирани во многу тешка состојба.

Активистите за човекови права за несреќата ја обвинуваат Австралија, затоа што премногу ја притиснала Индонезија да ја заостри борбата против шверцот со луѓе. Индонезија донесе закон со кој се казнуваат со казна од пет години затвор сите кои им помагаат на илегалните имигранти, па затоа имигрантите сакаат што побргу да ја напуштат земјата и не бираат со каков превоз го прават тоа. Патниците на ваквите бродови плаќаат од три до осум илјади долари за да се качат на брод кој би ги превел до Австралија. Бродовите честопати се во многу лоша состојба и не се опремени за опасното патување до Австралија.

Автор: ЖА/ АТ/ миа/ макфакс

Редактор: А. Трајковска