1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бегалска трагедија во Јужен Судан

Во несреќа со ферибот во Јужен Судан се удавија повеќе од 200 лица, кои биле во бегство поради борбите во градот Малакал.

Бродот бил преполн, информираше портпаролот на армијата Филип Агуер за агенцијата Афп. Меѓу 200 до 300 луѓе на бродот имало многу жени и деца. „Сите се удавија“.

Во Малакал, град на северот на Јужен Судан, на границата со Судан, претходно се воделе жестоки борби меѓу владините трупи и бунтовниците. Бунтовниците се обиделе да воспостават контрола врз градот.

Во Јужен Судан, држава формирана во 2011 година, на средината на декември ескалираше борбата за превласт меѓу претседателот Салва Кир и неговиот поранешен заменик Риек Махар. Двајцата политичари им припаѓаат на ривализираните групи Динка и Нуер. Во борбите веќе се убиени илјадници луѓе. Според проценките на ОН во бегство поради насилството се околу 400.000 луѓе.

Мировните преговори во Адис Абеба, кои се одвиваат поради притисок од соседите, течат споро. Посредниците од источноафриканската регионална организација ИГАД се обидуваат да постигнат прекин на вооружените конфликти меѓу владините трупи и бунтовниците, но досега без успех. Најголема спорна точка во преговорите е барањето на Махар до владата, да ослободи единаесет водечки членови на неговото движење. Претседателот Кир досега го одбива тоа. За ослободување на затворениците неодамна се заложија и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун и Советот за безбедност на ОН.