1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Бегалска драма: “Кап Анамур” доби дозвола да вплови во Италија – и беше запленет!

Нов изненадувачки пресврт во бегалската драма и војната на нервите околу германскиот спасувачки брод “Кап Анамур”: италијанските власти конечно му дозволија на бродот да вплови во Порто Емпедокле на Сицилија, но потоа го уапсија шефот на организацијата “Кап Анамур”, капетанот на бродот и еден член на екипажот.

„Кап Анамур“ вплови на Сицилија

„Кап Анамур“ вплови на Сицилија

Елијас Бирдел, шеф на хуманитарната организација, и Штефан Шмит, капетан на бродот, се обвинети за “овозможување илегално влегување во земјата”. Тие беа цели 5 часови сослушувани од полицијата. Бродот е запленет. 37-темина африкански бегалци, наспроти ветувањето на италијанската влада, наместо во прифатилиште за бегалци, се ставени во затвор за лица кои треба да бидат протерани. Инаку, веројатно не станува збор за бегалци од кризниот судански регион Дарфур и од Сиера Леоне, како што првично се велеше, туку се претпоставува дека се од Нигерија и Гана. Нив екипажот на “Кап Анамур”, според сопствени наводи, случајно ги открил во Средоземното море во гумен чамец во кој наводно провеле три дена и ги примил на бродот, кој потоа три недели талкаше по морето затоа што не му беше дозволено да вплови во ниедно пристаниште во Италија или на Малта.

Иако бегалците на бродот поднесоа писмени барања за добивање азил во Германија, порпаролот на германското министерство за внатрешни работи Рајнер Лингентал нагласи дека тоа нема дејство, бидејќи бродот не претставува територија под германски суверенитет.

Претседателот на италијанскиот совет за бегалци доктор Кристоф Хајн синоќа во изјава за германската телевизија побара европски систем за давање азил: “Од пред 5 години, од договорот од Амстердам, ние зборуваме за европски систем за азил и европско право за азил. Во оваа историја што се случува меѓу Германија, Италија и Малта, никој не сака да биде одговорен, никој не сака да си ги изгори прстите, никој не сака да создаде преседан – ова е потресно во смисла дека воопшто и нема европски систем за азил”.

Комесаријатот за бегалци на ОН исто така побара натамошен развој на европско право за азил. Портпаролот на Комесаријатот Штефан Телокен за “Берлинер Цајтунг” се искажа за европски формулар за барање азил и за поделба на товарот за прием на бегалци, како и за трошоците за нивно сместување и згрижување.