1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Баjерн Минхен - пет победи во пет натпревари

Лидерот во Германската фудбалска лига Баjерн Минхен стигна до петтиот триумф во исто толку одиграни натпревари во новата сезона. Во дуелот на новајлиите, Фортуна од Диселдорф го победи Гројтер Фирт.

„Баварците“ синоќа во Минхен го совладаа Волфсбург со 3:0 за максимални 15 бодови на врвот на табелата.

Ајнтрахт Франкфурт, кој до пред ова 5. коло на Бундеслигата коло имаше исто така стопроцентен ефект, одигра нерешено 3:3 против шампионот Борусија Дортмунд и со тоа ја прекина серијата од четири победи во низа.

На другите два синоќешни натпревара во Бундеслигата постигнати се овие резултати: Шалке – Мајнц 3:0 и Гројтер Фурт – Фортуна Дизелдорф 0:2.

Вечерва од 20 часот се играат преостанатите пет средби од 5.коло. Двојките се: Борусија Менхенгладбах – Хамбургер, Штутгарт – Хофенхајм, Хановер – Нирнберг, Фрајбург – Вердер и Аугсбург – Баер Леверкузен.

Табела: Баерн Минхен 15 бодови, Ајнтрахт Франкфурт 13, Шалке 10, Фортуна Дизелдорф 9, Борусија Дортмунд 8, Хановер 7 (натпревар помалку), Нирнберг 7 (натпревар помалку).