1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бај, бај Бекам, добредојде Кака?

Дејвид Бекам денеска (01.12), по шест години, се простува од својот американски клуб Лос Анџелес Галакси. И покрај лошиот старт, тој се покажа како добра инвестиција. Дали Бекам ќе биде заменет од Кака?

„Овде (во САД н.з.) како играч и амбасадор на фудбалот го остварив сето она што беше можно“, вели гордо Дејвид Бекам, човекот кого и оние што не го следат фудбалот го знаат од многуте рекламни плакати, како оние за долна облека на H&M. Бекам нагласува дека неговиот ангажман за американскиот фудбал нема да заврши со денешниот 115-ти натпревар во дресот на ЛА Галакси: „Јас и натаму ќе бидам амбасадор и ќе се обидам да помогнам за популаризација на фудбалот во Америка. Во тоа верував од почетокот и на тоа работам повеќе од кога и да е досега.“

Тренерот на Галакси Брус Арина вели дека „многумина фудбалери денес во САД имаат идоли какви што му се потребни на секој спорт“. „Пред Бекам да дојде во Америка ги немаше многу“, нагласува тренерот. Англиската ѕвезда, имено, им ги проби патеките до американскиот фудбал на многумина други европски фубалери, како Анри или Фрингс.

Weltfußballer des Jahres Kaka

Кака е замена за Бекам?

Бекам оди натаму. Но каде? Тоа веројатно е многу поинтересно прашање од исходот на денешниот финален натпревар во американската лига. За поранешниот англиски репрезентативец се борат австралиски и кинески клубови, Ибрахимовиќ наводно сака да го донесе во Пари Сен Жермен, а сигнали на заинтересираност покажуваат и Монако и англиската Премиер Лига. Самиот Бекам зборува за „многу интересни опции“.

Неговиот клуб ЛА Галакси покажува интерес за Кака, како замена на Бекам. Кака пред неколку години (2007) беше прогласен за најдобар играч на светот. Во клубот е добредојден секој со такви квалитети, се вели во Лос Анџелес, каде се убедени дека ќе биде постигнат договор со Реал Мадрид.