1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајер Леверкузен го отпушти тренерот Дут

Германскиот фудбалски клуб Бајер од Леверкузен му даде отказ на тренерот Робин Дут, соопштија денеска (01.04.2012) во клубот

Судбината на Робин Дут кој го предводеше тимот на Бајер Леверкузен од почетокот на актуелната сезона беше запечатена со вчерашниот пораз на домашен терен од аутсајдерот Фрајбург со 0:2 .

Со тоа актуелниот вице-првак може да се каже дефинитивно се прости од амбициите за настап во Лигата на шампионите во наредната сезона (до кој директно водат првите три места на табелата во Бундеслигата а четвртото може да води преку дополнителни квалификации). Со четвртиот пораз по ред (што е нов негативен рекорд за клубот) во прашање е доведена и минималната цел сезонава- настапот во Лига Европа.

Навивачите на Бајер Леверкузен го сметаа токму тренерот Робин Дут за главен виновник за серијата порази и на мечот со Фрајбург гласно бараа негово заминување и срдечно ја поздравуваа секоја успешна акција на гостинската екипа.

„Едноставно моравме да реагираме и да упатиме јасен сигнал за да можеме со свеж ветер и натаму да ја следиме целта на сезоната- настап во меѓународните натпреварувања“, изјави раководителот на спортскиот клуб од Леверкузен Вофганг Холцхојзер во образложението на долуката за отпуштање на тренерот Дут.

Притоа е најавено дека него на клупата до крајот на сезоната ќе го замени млад двоец составен од доскорешниот играч на Леверкузен, Финецот Сами Хипија како шеф на тимот и досегашниот предводник на составот до 19 години на Бајер- Саша Левандовски , како тренер на екипата.