1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн-Јувентус, дерби во Лигата на Шампионите

Тешка задача за Бајерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на Шампионите. Баварците за пласман во полуфиналето ќе треба да го минат Јувентус. Борусија игра против Малага. Полесна задача за шпанските гиганти.

Добрата вест е дека Бајерн Минхен и Борусија Дортмунд го избегнаа директниот дуел во четвртфиналето на фудбалската Лига на Шампиони. Но, само еден од двата германски претставници има вистинска причина за задоволство по денешната жрепка во швајцарскиот Нион. Актуелниот првак Борусија Дортмунд за противник ја доби екипата на Малага од Шпанија.

Малага, во својата прва сезона во Лигата на Шапмионите, во претходната рунда приреди изненадување елиминирајќи го португалскиот првак Порто. „Можеме да биде задоволни од жрепката. Нема да играме против Реал, Барселона или Бајерн“, изјави спортскиот директор на Борусија, Михаел Цорк.

Далеку потешка ќе биде задачата на лидерот на табелата во Бундеслигата, Бајерн Минхен. Противник е стариот познаник, италијанскиот првак Јувентус, со кого баварците немаат пријатни искуства во досегашните дуели. Првичните

Champions League Bayern München - Juventus Turin 08.12.2009

Бајерн и Јувентус последен пат ги одмерија силите на 8 декември 2009 година во групната фаза на ЛШ

реакции на фудбалерите на Бајерн упатуваат дека за противникот постои голем респект. „Јувентус е голема екипа, големо име. Италијанските тимови се силни и добро организирани. Но ние имаме шанса да минеме натаму“, изјави голманот на Бајерн, Мануел Нојер. Претседателот на клубот Карл Хајнц Румениге очекува тешки дуели за пласман во полуфиналето.

Шпанските рекордери против ПСЖ и Галатасарај

„Ова секако не е жрепка од соништата за нас. Статистички немаме добро искуство со Јувентус. Ќе биде многу тешко, ќе мора да имаме два добри дена доколку сакаме да играме во полуфиналето“, рече Румениге.

Дуелот меѓу Бајерн и Јувентус секако е дерби на четвртфиналето, но интересно ќе биде и во преостанатите два дуели. Двата шпански великани Барселона и Реал Мадрид имаа различна среќа во извлекувањето. Реал за противник го доби турскиот Галатасарај и не би требало да има поголеми проблеми да обезбеди пласман меѓу четирите најдобри. Но, Барселона ќе има потешка задача против францускиот ПСЖ, кој под капата на богатите арапски сопственици успеа да состави тим за почит.

Champions League Achtelfinale Borussia Dortmund Schachtar Donezk

Фудбалерите на Борусија Дортмунд

Првите четвртфинални средби ќе се одиграат на 2 и 3.април, додека реваншите на програмата ќе бидат на 9 и 10.април. Финалето е на 25 мај на лондонскиот Вембли.

Денеска (15.03) беа извлечени паровите и за помалото европско натпреварување- Лига Европа. Трите англиски клуба кои се пласираа меѓу осумте најдобри избегнаа директен меѓусебен дуел. Дерби на рундата е дуелот меѓу турскиот Фенербахче и италијанскиот Лацио. Останатите двојки ги сочинуваат актуелниот европски првак Челзи и рускиот Рубин Казањ, Тотенхем игра против швајцарскиот Базел, додека португалската Бенфика за противник го доби третиот тим од островот, Њукасл.

Првите натпревари ќе се одиграат на 4. април, додека возвратните дуели се закажани за 11.април.