1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн ја продолжи доминацијата

Бајерн Минхен ја продолжи серијата победи кај Хофенхајм, додека Диселдорф и Мајнц ремизираа во последниот меч од 24. коло.

Иако на гостувањето кај Хофенхајм победи минимално, со 1:0, Бајерн успеа по 17. пат сезонава да ја сочува сопствена мрежа, а поставен е и нов бундеслигашки рекорд кога се во прашање примените голови на гостувањата. Бајерн досега сезонава има примено само еден гол на гости. Единствениот гол на мечот го постигна Марио Гомез во првото полувреме.

Хофенхајм со новиот пораз сега заостанува пет бода зад Аугсбург и место на табелата кое води во баражот за опстанок.

Во Диселдорф, домашната Фортуна и Мајнц ги поделија бодовите играјќи 1:1. Исходот на крајот им одговараше на двата тима, затоа што Диселдорф се искачи на 12. место на табелата пред Вердер и Нирнберг, додека Мајнц скокна на 8. позиција.

Во саботата, Борусија во Дортмунд го совлада Хановер со 3:1, во меч во кој тренерот Јирген Клоп одмораше неколкумина првотимци во пресрет на осминафиналниот дуел од Лигата на Шампионите против украинскиот Шахтјор. Со победата Борусија се зацврсти на втората позиција со 17 бода заостанување зад Бајерн.

Шалке се враќа во добра форма, а доказ за тоа е и убедливата победа на гостувањето кај Волфсбург од 4:1.

Fußball Bundesliga 24. Spieltag Bayer Leverkusen gegen VfB Stuttgart

Фудбалерите на Бајер го прославуваат победничкиот гол против Штутгарт

Бајер Леверкузен со голема мака го совлада Штутгарт со 2:1. Двата гола кои донесоа пресврт по водството на гостите од Штутгарт од 0:1, паднаа во последните 8 минути од натпреварот.

Фудбалерите на Вердер повторно се посрамотија пред домашната публика, откако загубија од Аугсбург со 0:1. Тимот со кој се најавуваше битка за пласман во европските натпреварувања, сега е на прагот да се бори за опстанок во лигата.

Ни Хамбургер не успеа да го скрши отпорот на фенерџијата Гројтер Фирт на домашен терен. Конечните 1:1 го оддалечуваат тимот од Хамбург од борбата за пласман во Лигата на Шампионите.

Нирнберг и Фрајбург одиграа 1:1, додека во петокот Борусија Менхенгладбах нагости го совлада изненадувањето на сезонава, Ајнтрахт со 1:0.