1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн ја победи Валенсија

Бајерн Минхен ја почна новата сезона на Лигата на шампиони успешно, односно со победа над Валенсија од 2:1.

Головите за Бајерн ги постигнаа Бастијан Швајнштајгер и Тони Крос, додека единствениот погодок за Валенсија го постигна Нелсон Валдез. Во вториот натпревар од групата Ф Бате Борисов нагости го совлада француски Лил со 3:1.

Во групата Е фудбалерите на Челзи и Јувентус се разделија со резултат од 2:2, додека Шахтјор во Доњецк го победи дански Нордсјеланд со 2:0.

Спартак од Москва имаше предност против Барселона во групата Г се‘ до 71. минута, но на крајот домашниот тим славеше победа од 3:2. Во вториот натпревар од истата група Селтик и Бенфика играа без голови.

Во групата Х пак, Манчестер јунајтед го победи Галатасарај со 1:0, додека романски Клуж во Брага го совлада истоимениот тим со 2:0.