1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн ја обезбеди есенската титула

Со победата над Штутгарт, Бајерн (М) ја обезбеди титулата есенски шампион во Бундеслигата, на едно коло пред паузата. Работата му ја олесни Борусија (Д) со киксот пред своите навивачи.

default

Фудбалерите на Бајерн можат да ја прослават есенската „титула“

Двата гола на Марио Гомез против својот некогашен тим го зацврстија Бајерн Минхен на чело на бундеслигашката табела, на едно коло пред зимската пауза. Гомез е и на врвот на листата на стрелците со 15 погодока. Штутгарт поведе со 1:0 во дербито против Бајерн, но набрзо следеше израмнување, а по црвениот картон на Молинаро во 30-та минута, беше само прашање на време кога Бајерн ќе дојде до победата.

Изненадувањето во вториот неделен меч го приреди Кајзерслаутерн, откако одигра нерешено 1:1 нагости против актуелниот првак Борусија Дортмунд. По ремито, Борусија заостанува три бода зад Бајерн на табелата.

1. Bundesliga 1. FC Koeln gegen SC Freiburg 10.12.2011

Лукас Подолски (Келн)

Во саботните дуели, за изненадувањето на колото се погрижи фенерашот Аугсбург кој ја совлада Борусија Менхенгладбах со 1:0.

„Денеска никој не беше на ниво. Јасно е дека не можеме да победиме на секој меч. Секако дека сме разочарани, но се надеваме дека следната недела ќе освоиме три бода дома“, изјави Торбен Маркс од Борусија (М).

Со трите бода, Аугсбург се одлепи од дното на табелата, каде сега се наоѓа Фрајбург, кој пак загуби на гостувањето кај Келн со 4:0. Јунаци во победата на Келн беа Лукас Подолски и Кристијан Клеменс кои постигнаа по два гола.

Во борбата за опстанок сезонава, се’ поизвесно е, ќе учествува и тимот на Волфсбург. Во поразот од 4:1 на гостувањето кај Вердер, првакот од пред две сезони покажа јасни знаци на криза, кои тренерот Феликс Магат се надева дека ќе ги санира со нови трансфери за време на паузата.

Fußball Bundesliga 16. Spieltag FC Augsburg gegen Borussia Moenchengladbach

Фудбалерите на Аугсбург во божикно расположение по победата над Борусија (М)

Вердер со победата се искачи на петтата позиција. Пред Вердер на табелата е Шалке, чии играчи победија во петокот во Берлин против Херта со 2:1.

На средината на табелата се издвојува Бајер Леверкузен кој одигра без голови на гостувањето против Хановер. Хофенхајм со победата нагости кај Нирнберг од 2:0 се зацврсти на деветтата позиција. Реми без голови одиграа и тимовите на Мајнц и Хамбургер, по кое и двата тима останаа поблиску до зоната за испаѓање отколку до златната средина.

Автор: Волфганг Ван Кан/БГ

Редактор: Александра Трајковска