1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн се зацврстува на врвот

Екипата на Франкфурт го забележа првиот пораз во бундеслигашката сезона. Штутгарт повторно не успеа да победи, а Дортмунд се повеќе го губи чекорот со главниот конкурент.

Борусија Дортмунд и Хановер одиграа нерешено 1:1 во неделното дерби од седмото коло во германската фудбалска Бундеслига. Пред 49 илјади гледачи во распродадената Арена во Хановер, Борусија дојде во предност со голот на Левандовски во 26. минута. Но прваците повторно, како и многупати сезонава, не успеаја да ја задржат предноста. Израмнувачкиот погодок го постигна Диуф во 86. минута. Дортмунд сега има заостанување од 9 бодови зад лидерот на табелата, Бајерн Минхен.

И екипата на Штугарт пропушти шанса за прва победа пред домашните навивачи сезонава. Во дуелот против Бајер Леверкузен, Штутгарт водеше со 2:1 со головите на Ибишевиќ, но на спротивната страна расположен беше и Кислинг кој со два погодока му донесе бод на Леверкузен. Штутгарт остана во долниот дел на табелата со само 6 освоени бодови, додека Бајер е на шестата позиција со 11 бода.

Hannover 96 - Borussia Dortmund

Стрелец на голот за Хановер: Диуф

По седум мечеви без победа, на успех конечно се израдуваа фудбалерите на Борусија Менхенгладбах, кои пред своите навивачи го совладаа досега непоразениот Ајнтрахт Франкфурт со 2:0. Головите ги постигнаа Аранго и Де Јонг уште во првите 25 минути од мечот. И покрај поразот, Франкфурт остана на втората позиција на табелата со 16 бода, додека Менхенгладбах е на 10. место со 9 освоени бодови.

Новески му донесе бодови на Мајнц

Во саботата, Бајерн Минхен го продолжи победничкиот поход со уште една, седма по ред, победа, овојпат од 2:0 над Хофенхајм.

Фортуна Диселдорф го забележа првиот овосезонски пораз на гостувањето кај Мајнц со 1:0. Стрелец на победничкиот погодок за Мајнц беше Николче Новески во 85. минута.

Волфсбург на Феликс Магат забележа нов убедлив пораз, овојпат на гостувањето во Гелзенкирхен од Шалке со 3:0.

Fußball Bundesliga 1. FSV Mainz 05 Fortuna Düsseldorf

Фудбалерите на Мајнц го прославуваат голот на Новески

Хамбургер ја продолжи успешната серија и походот кон горниот дел на табелата со победа на гостувањето кај Гројтер Фирт од 1:0. Новиот бундеслигаш од Фирт остана закован за дното на табелата.

Продолжи и лошата серија на Нирнберг. Четвртиот пораз во серија беше забележан на гостувањето кај Фрајбург од 3:0.

Во петокот, екипата на Аугсбург ја забележа првата победа сезонава во дуелот со Вердер. Фудбалерите на Аугсбург одиграа одличен меч пред домашна публика и го совладаа фаворизираниот противник со 3:1.