1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн сака тројна круна

По восхитувачката сезона, фудбалерите на Бајерн Минхен вечерва (01.06) ќе се обидат да освојат тројна круна, односно, покрај во првенството и Лигата на шампиони, да триумфираат и во германскиот Куп.

Ако биде освоена тројна круна, тимот на Бајерн Минхен ќе биде првиот во историјата на германскиот фудбал кому тоа му успеало. Сепак, натпреварот против Штутгарт на берлинскиот Олимписки стадион, нема да биде обична прошетка. На тоа предупредува и почесниот претседател на Бајерн, Франц Бекенбауер: „Прашање е дали концентрацијата по финалето на Лигата на шампиони можеби не паднала малку. Ако тоа е случај, тогаш Штутгарт во секој случај има шанса“, изјави Бекенбауер. Сепак, според него, доколку фудбалерите на Бајерн играат суверено како во изминатите месеци, тројната круна нема да избега.

За 68-годишниот тренер на Бајерн, Јуп Хајнкес (на фотографијата заедно со колегата од Штутгарт, Лабадиа и капитените на двете екипи) вечерашниот натпревар би можел да биде и негов последен во улога на тренер. Претседателот на Управниот одбор на Бајерн, Карл-Хајнц Румениге, изјави дека за Хајнкес вратите на клубот се секогаш отворени: „Пред две недели му реков дека кај нас има еден вид ’карт бланш’. Ако тоа за него доаѓа предвид, ние би сакале да го задржиме во Бајерн во каква било форма“, изјави Румениге за денешното издание на весникот „Билд“.