1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн не му даде шанса на Арсенал

Бајерн Минхен има големи шанси за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако го надиграа Арсенал во Лондон. Вознемиреност кај баварците сепак внесе еден стар добар познаник.

Фудбалерите на Бајерн Минхен ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Арсенал и како гости забележаа победа од 3:1, со што речиси се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Баварците на „Емирејтс“ во Лондон, доминираа во првиот дел кога со головите на Крос и Милер се стекнаа со предност од 2:0. Арсенал преку Подолски, која ја искористи грешката на голамнот Нојер намали во второто полувреме на 2:1, но надежите на „тобџиите“ дека можат да стигна до поволен резултат им ги уништи Манџукиќ со голот во 77. минута.

Португалскиот шампион Порто, против Малага, ја искористи предноста на домашниот терен и пред реваншот обезбеди минимална предност. Жоао Мутињо во 56. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.