1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн на чекор до сонот за минхенско финале

Пред 66 илјади гледачи на Алијанц арена, фудбалерите на Бајерн извојуваа голема победа над Реал. Вечерва второто полуфинале меѓу Челзи и Барселона

Фудбалерите на Бајерн Минхен го совладаа Реал Мадрид, во првиот полуфинален меч во Лигата на шампиони. Бајерн до победата од 2:1, дојде во самиот финиш на натпреварот.

Првиот гол на мечот, по почетната иницијатива на Реал, го постигна Франк Рибери во 17. минута. Бајерн до крајот на полувремето имаше можност да ја зголеми предноста, но на полувреме се замина со еден гол предност. Реал израмни на стартот од второто полувреме, кога акцијата на Бензема и Роналдо, во гол ја претвори Езил.

По израмнувачкиот гол, Реал играше позатворено на контри, додека Бајерн ја отвори играта во обид да дојде до победа. Победничкиот гол дојде преку Марио Гомез во 90. минута, кој нафрлената топка од Лам ја смести зад грбот на Касиљас.

Мурињо очекува финале

По мечот тренерот на Реал, Жозе Мурињо оцени дека неговиот тим има реални шанси да избори пласман во финалето.

Fußball Champions League Halbfinale FC Bayern München Real Madrid

Жозе Мурињо

„Не очекува реваншот во кој не ни треба никаков историски пресврт, туку победа. За мене ова не е лош резултат, но ќе мораме да победиме во реваншот во Мадрид“, рече Мурињо. Тој имаше забелешки на првиот гол на Бајерн кој беше постигнат од пасивен офсајд, но одби да го критикува судијата.

Тренерот на Бајерн, Јуп Хајнкес беше одушевен од играта на неговиот тим со што беше продолжена традицијата на победи над Реал во Минхен.

„Заслужено победивме, по многу напорна работа. Играчите во текот на сите 90 минути играа пожртвувано и дадоа се’ од себе“, рече Хајнкес, најавувајќи притоа дека нема намера да се брани на реваншот во Мадрид.

Реванш натпреварот во Мадрид ќе се одигра следната среда, на 25. април.

Барселона во Лондон

Champions League Chelsea Barcelona Halbfinale

Момент од дуелот Челзи-Барселона во 2009 година

Вечерва во Лондон се игра вториот полуфинален дуел во кој Челзи му е домаќин на европскиот првак Барселона. Овие два тима се среќаваат по петти пат во последните сезони во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Првиот пат во 2005. Челзи беше поуспешен, но Барселона се реваншираше во 2009 година, и тоа токму во полуфиналето. Севкупно Барселона на трипати го елиминираше Челзи во последните четири меѓусебни двомечи.

И двата тима имаат извонредно значајни мечеви и во домашните првенства претстојниот викенд. Барселона го пречекува Реал Мадрид во натпревар кој многу веројатно ќе го одлучи шампионот, додека Челзи игра против Арсенал во меч кој ќе биде решавачки за пласман во Лигата на шампиони следната сезона.

Двајцата тренери, Пеп Гвардиола и Роберто Ди Матео пред мечот изјавија дека се целосно концентрирани единство на првиот полуфинален дуел. Реваншот е на програмата следниот вторник, на 24 април.