1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн може да се подготвува за Реал Мадрид

Германскиот тим со солидна игра го совлада францускиот Олимпик нагости со 2:0 во првиот четвртфинален меч. Милан и Барселона одиграа без голови

Екипата на Бајерн Минхен е со една нога во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Јуп Хајнкес во четвртфиналниот натпревар против Олимпик Марсеј извојува победа со 2 спрема нула, со што си обезбеди добра позиција пред реваншот идниот вторник во Минхен. Головите за Бајерн ги постигнаа Марио Гомез и Арјен Робен.

И противникот на Бајерн во полуфиналето Реал Мадрид во вторникот веќе заврши голем дел од задачата, откако нагости го совлада кипарскиот Апоел со 3:0.

Бранителот на титулата Барселона исто така си обезбеди добри шанси за влез во полуфиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот тим во четвртфиналниот меч играше нерешено 0:0 нагости против Милан, и со победа на домашен терен идниот вторник во полуфиналето ќе го чека победникот од дуелот Челзи - Бенфика Лисабон. На првиот натпревар во Португалија, тимот од Лондон победи со 1:0.