1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн Минхен - турбо шампион

Бајерн Минхен е новиот фудбалски шампион на Германија. Во 28. коло на Бундеслигата екипата на тренерот Јуп Хајнкес ја освои титулата толку рано во првенството, како ниеден друг тим досега.

Екипата на Бајерн Минхен е новиот шампион на Германија. Минхенчани со победа поставија нов рекорд во Бундеслигата, ја освоија титулатла во 28. коло на Бундеслигата, толку рано во првенството, како ниедена друга екипа досега и го подобрија сопствениот рекорд од сезоните 1972/ 73 и 2002/2003, кога станаа германски прваци во 30. кола од првенствата.

„За нас во овој момент тоа е изворедно. Неколкупати станував шампион, но никогаш не беше толку студено како денеска“, изјави тренерот Јуп Хајнкес.

Вчера на гостувањето во Франкфурт Бајерн Минхен го победи Ајнтрахт со 1:0. И покрај неуспешната реализиција на единаестерецот на Давид Алаба во 27. минута од натпреварот, Бајерн заслужено победи со голот на Бастијан Швајнштајгер во 52. минута од натпреварот.

Освоените три бода за Баварците значат недостижни 20 бодови разлика на шест кола до крајот на првенството, пред второпласираната Борусија Дортмунд која не го одбрани трофејот од ланската сезона.

Прославата на шампионската титула меѓутоа мора да биде поумерена, оти веќе неделава Бајерн го игра вториот четвртфинален меч против Јувентус во Лигата на шампионите, по победата во првиот натпревар на домашен терен од 2 спрема 0.

Bundesliga Tor Jubel FC Bayern München

Бастијан Швајнштајгер

Постигнати резултати на завршените натпревари од 28. коло во Бундеслигата: Вердер – Шалке 0:2, Борусија Дортмунд – Аугсбург 4:2, Ајнтрахт – Бајерн Минхен 0:1, Баер Леверкузен – Волфсбург 1:1, Борусија Менхенгладбах - Гројтер Фурт 1:0 и Хамбургер – Фрајбург 0:1.

За денес се закажани натпреварите: Нирнберг – Мајнц и Хановер – Штургарт.