1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн Минхен на чекор до полуфиналето

Германците беа убедливи против италијанскиот првак Јувентус во првиот меч од четвртфиналето. Барселона во Париз испушти победа и го загуби Лионел Меси поради повреда.

Фудбалерите на Бајерн Минхен се на добар пат да обезбедат полуфинале во Лигата на шампионите, откако синоќа пред своите навивачи на „Алијанц Арена“ го совладаа Јувентус со 2:0. Головите за германскиот претставник ги постигнаа Давид Алаба во 1.минута и Томас Милер во 63.минута. И двете екипи имаа свои моменти, Бајерн имаше можности да постигне уште поубедлив триумф, а Јувентус да постигне барем еден погодок. По примениот гол уште во 26.та секунда, гостите од Италија тргнаа во офанзива која траеше десетина минути. Баерн се одбрани, а потоа ја контролираше играта до крајот на првото полувреме.

Домаќинот беше подобар противник и во вториот дел постигнувајќи и втор гол со кој оствари значителна предност пред реваншот во Торино.

Многу понеизвесно беше во Париз каде ПСЖ и Барселона одиграа 2:2. Гостите на двапати водеа, но на крајот останаа и без победа и без најдобриот играч Лионел Меси. Аргентинецот поради повреда на бутниот мускул не го одигра второто полувреме, а според најавите од каталонскиот клуб, Меси може да отсуствува две до три недели од фудбалските терени.

Fußball Champions League Paris St Germain gegen Valencia CF

Езекиел Лавеци (ПСЖ)

Токму Меси во 38.минута го постигна првиот гол, Златан Ибрахимовиќ израмни во 79.минута, Чави од пенал во 89.минута и донесе ново водство на Барселона, а Блејз Матуиди во 94.минута ги постави конечните 2:2. Реваншите ќе се одиграат на 10 април.

Вечерва се играат преостанатите два први четвртфинални натпревара. Германскиот првак Борусија Дортмунд гостува во Малага, додека Реал Мадрид го пречекува турскиот шампион Галатасарај.