1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн Минхен им бега на конкурентите

Бајерн Минхен ги искористи киксовите на директните конкуренти и се зацврсти на врвот на табелата. Леверкузен подобар во „рајнското дерби“, Борусија (Д) јалова против Штутгарт.

Со победи за домашните екипи во последните два неделни натпревари беше заокружено 10. коло во германската фудбалска Бундеслига. Во дербито на Рајнската област, Бајер Леверкузен на домашен терен го совлада Диселдорф со 3:2.

Во интересен меч, домаќините во водство ги донесе Сем во 16. минута. Израмни Рафаел во 40., но веќе во следниот напад Бајер преку Шурле се врати во водство. Многу возбудувања имаше и во вториот дел. Откако капитенот на домаќините Ролфес заработи црвен картон во 65. минута, гостите се обидоа да дојдат до израмнување, но Бајер преку една контра зголеми на 3:1 преку Кастро. Конечниот резултат го постави Бодзек на четири минути пред крајот. Со трите бода Бајер се искачи на четвртото место на табелата, додека Диселдорф опасно се приближува кон зоната за испаѓање.

Во Бремен, Вердер го совлада Мајнц со 2:1. Играч на мечот беше Арон Хунт, кој ги постигна двата гола за домаќините. Кај гостите, за кои стандардно настапи капитенот Николче Новески, единствениот погодок беше дело на Адам Шалаи. Вердер се искачи на седмата позиција на табелата и се израмни по бројот на бодовите со Мајнц (14).

Fußball Bundesliga 10. Spieltag Werder Bremen FSV Mainz 05 Aaron Hunt

Арон Хунт (Вердер)

Стрелците нерасположени во Дортмунд

Дербито на колото викендов се одигра во Дортмунд, но не ги оправда очекувањата. Борусија и Штутгарт одиграа без голови, во меч во кој и двете екипи имаа повеќе шанси за гол. Актуелниот првак Борусија повторно разочара и сега заостанува 11 бода зад Бајерн, кој е убедлив на врвот на табелата.

Интересен дуел со многу пресврти во саботата (03.11) одиграа Хофенхајм и Шалке. Поведе Хофенхајм преку Фоланд во 13. минута, а израмни Нојштетер пред крајот на полувремето. Во вториот дел иста слика на теренот. Хофенхајм по вторпат поведе преку Фирмињо од белата точка, а Шалке повторно успеа да израмни преку Учида. Конечниот резултат од 3:2 за Хофенхајм го постави Шиплок во судиското надополнување.

Во Менхенгладбах, Борусија и Фрајбург ги поделија бодовите играјќи 1:1. Двата погодока паднаа во вториот дел. Менхенгладбах поведе преку Де Камарго, но како многупати досега сезонава, не успеа да ја одржи предноста, па Калигури успеа да им донесе бод на гостите со гол од белата точка.

Бајерн убедлив

Хановер ја прекина лошата серија со победа над Аугсбург пред своите навивачи. За триумфот од 2:0 најзаслужен беше напаѓачот Диуф кој го постигна првиот и асистираше за вториот гол за домаќините. Аугсбург остана закован за дното на табелата, додека Хановер скокна на 6. позиција.

Fußball Bundesliga 09. Spieltag HSV Bayern München

Фудбалерите на Бајерн ја слават победата над Хамбургер

Фудбалерите на Бајерн Минхен брзо се вратија на победнички колосек по поразот од Леверкузен во минатото коло. На гостувањето во Хамбург, Бајерн извојува суверена победа од 3:0 и со тоа го зголеми водството на врвот на табелата на седум бода во однос на најблиските конкуренти Ајнтрахт Франкфурт и Шалке. Головите за Бајерн ги постигнаа Бастијан Швајнштангер, Томас Милер и Тони Крос.

По серијата лоши резултати, победа конечно забележа и тимот на Нирнберг. Пред своите навивачи фудбалерите на Нирнберг го надиграа Волсфбург и победија со 1:0 со голот на Гебхарт во 76. минута. Во петочниот дуел во Франкфурт, Ајнтрахт и Гројтер Фирт ги поделија бодовите играјќи 1:1.