1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн Минхен: Империјата го возврати ударот

Бајерн е нов првак на Германија. На шест кола пред крајот на првенството, што е и нов рекорд. Во прашање е доминација која се храни од понижувањата во минатото и која и‘ штети на лигата, коментира Тобиас Елмајер

"FC Bayern - Forever Number One", „ФК Бајерн- Засекогаш број еден“, така гласи клупската химна на германскиот фудбалски рекордер. Оваа химна со музички проблематичен квалитет прецизно опишува како клубот од Минхен се доживува себеси "Mia san mia", ние сме ние, и ние сме секогаш на врвот! Колку ли само ги лутеше функционерите, тренерите, навивачите на Бајерн тоа што последниве две години клубот не беше на врвот и остануваше без титулата. Во 2012. се случи големата катастрофа: загубена титула во првенството и пораз во финалето на Купот од Борусија Дортмунд, а на крајот и тешкиот пораз од Челзи во финалето на Лигата на шампионите и тоа на својот стадион. Бајерн беше понижен.

Моќниот и амбициозен претседател на клубот Ули Хенес не можеше да се прави слеп при ваквиот неуспех, па дојде до големи кадровски промени. На местото на безличниот Кристијан Нерлингер, за спортски директор беше именуван Матијас Замер. Стигнаа и голем број играчки засилувања: Данте ја засили одбраната, 40 милиони евра вредниот Хави Мартинез се покажа како столб во средниот сред, а

DW Hintergrund Deutschland Moderatoren Tobias Oelmaier

Тобиас Елмајер

Хрватот Манџукиќ ја одигра сезоната на кариерата.

Фокус на успехот

Натамошен клуч за освојувањето на титулата беше фокусирањето на целиот клупски персонал на успехот. Во секоја фаза од сезоната, освен во есенскиот пораз од Бајер Леверкузен, волјата за победа на Баварците буквално можеше да се почувствува. Екипата стана далеку поголема и поизбалансирана во однос на претходната сезона. Играта веќе не зависеше само од Франк Рибери. За секоја позиција подготвени чекаа по најмалку двајца играчи. Амбициите пораснаа дотаму што победите од еден гол разлика Хенес почна да ги нарекува „ѓубре“.

Тренерот Јуп Хајнкес добро знаеше преку ротации да ги одржи, ментално и физички, свежи своите играчи и да ги мотивира оние кои ретко играат. Во неговата последна тренерска сезона Хајнкес е пред троен триумф: во Бундеслигата, Купот и Лигата на шамионите. Тоа би било огромен успех за него и истовремено голем товар за наследникот Пеп Гвардиола.

Знак за аларм

Фактот дека 23. наслов на првак во клупската историја на Бајерн беше обезбеден уште во 28. коло, порано од било кога во 50 годишната историја на Бундеслигата, говори во корист на мудрата и детална работа во Минхен. Но, исто

Bundesliga 2013 Fußball Eintracht Frankfurt gegen FC Bayern München

Јуп Хајнкес на рацете на своите играчи

така говори и против Бундеслигата. Борусија Дортмунд како двоен првак во претходните сезони, прерано го спушти гардот и се посвети на Лигата на шампионите. Бајер Леверкузен е презадоволен со третото место и пласманот во Лигата на шампионите, додека Шалке, како многупати досега, е повеќе оптоварен со самиот себе.

На Баварците веројатно им се допаѓа тоа што ја понижија конкуренцијата, исто како што и тие се чувствуваа понижено последните две години, но за германскиот фудбал таа нерамнотежа е знак за аларм. Бидејќи фудбалот функционира само ако постои взаемна конкурентност и напнатост. "FC Bayern - Forever Number One" за навивачите на Бајерн е мелем за уши, но за остатокот од Бундеслигата тоа е визија на ужасот.