1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн и Барса меѓу најдобрите четири

Останатите два полуфиналисти во Лигата на шампионите ќе бидат познати по денешните реванши во дуелите Реал Мадрид - Апоел и Челзи - Бенфика.

Екипата на Бајерн од Минхен обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони. Германскиот претставник и во реваншот во Минхен со идентичен резултат од 2:0 беше поуспешен од францускиот Олимпик Марсеј. Двата гола на „Алијанц Арената“ во Минхен ги постигна хрватскиот репрезентативец во редовите на баварците, Ивица Олиќ.

Меѓу најдобрите четири екипи во Европа се пласираше и бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Барселона. Каталонците, по нерешените 0:0 во првиот натпревар во Милано, синоќа (03.04) на домашен терен го совладаа Милан со 3:1. Стрелец на првите два гола за Барса од пенал беше Лионел Меси, кој со тоа ги постигна својот 13. и 14. гол сезонава и го урна досегашниот рекорд од 12 голови постигнати во една сезона во Лигата на шампионите на холандскиот напаѓач Руд Нистелрој. Ночерино изедначи за Милан на 1:1, а конечната победа на Барселона и‘ ја донесе Андрес Ињеста.

Бајерн во полуфиналето ќе игра против победникот од двомечот реал Мадрид - Апоел Никозија. Денешниот реванш во Мадрид треба да биде формалност, откако пред една недела на Кипар, „кралскиот клуб“ победи со 3:0.

Барселона пак. го очекува подобриот од дуелот меѓу Челзи и Бенфика. Англискиот тим пред денешниот меч во Лондон има предност од натпреварот во Лисабон од 1:0.