1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн доминантен во втората рунда на германскиот куп

Бајерн Минхен уште еднаш убедливо победи против Хановер. Шалке, Франкфурт и Фрајбург исто така победија, додека пак Херта беше изненадена од Кајзерслаутерн.

Втората рунда на германскиот куп беше засенета од прославата на Октоберфест, но на теренот Бајерн беше фокусиран и пресилен за Хановер.

Бајерн уште на почетокот на натпреварот ја презеде иницијативата, и поведе многу рано, уште во шеснаесетата минута. Следуваше и втор погодок за водство од 2:0, но фудбалерите на Хановер не беа подготвени да се откажат така лесно, па на полувреме се отиде со 2:1 за Бајерн. Сепак на крајот фудбалерите на Хановер убедливо загуби со резултатат од 4:1. Со тоа тимот од Минхен си обезбеди пласман помеѓу шеснаесетте најдобри.

Шалке го разочара Дармштад

Во Дармштад, аутсајдерот од третата лига се надеваше дека ќе успее да го изненади учесникот во Лигата на шампионите. Шалке доби пенал во 35. минута кој беше реализиран од Фарфан. Но, третолигашот брзо се врати во игра и успеа само минута подоцна да постигне изедначувачки гол. Сепак Дармштад немаше сили за целосно изненадување па на крајот загуби со 3:1.

Магијата на Инуи

Ајнтрахт Франкфурт му беше домаќин на Бохум во реприза на финалето на германскиот куп од 1987 година. Како и тогаш „орлите“ беа поуспешни. По само дваесет и пет минути благодарејќи на феноменалниот Инуи веќе беше 2:0. Тој напрвин погоди ѕа 1:0, а потоа и асистираше за 2:0. До крајот на натпреварот франкфуртскиот тим рутински одигра и го приведе натпреварот до крај.

Дерби на југо-западот

Во Баден-Виртенберг, Фрајбург го порази Штутгарт со 2:1. Навивачите на Фрајбург сакаа победа по лошиот старт на сезоната на нивниот тим, а што е

SV Darmstadt 98 - FC Schalke 04 - DFB Pokal

Момент од дуелот Дармштад-Шалке

подобро отколку победа врз локалниот ривал. Резултатот беше отворен дури во второто полувреме, Фрајбург водеше со 2:0 се до последните минути кога Ибишевиќ намали на 2:1, но Штутгарт немаше сили за пресврт.

Херта изненадена

Во натпревар на прволигашот Херта и второлигашот Кајзерслаутерн, се случи изненадување. Херта одлично го почна натпреварот и водеше по првото полувреме. Но во второто полувреме, домаќините се вратија на теренот мотивирани и желни за победа, што на крај се покажа одлучно. Кајзерслаутерн успеа да победи со 3:1 и да помине во наредната рунда на натпреварите.

Сонот на Сарбрикен се исполни

Откако во првата рунда го победија прволигашот Вердер Бремен, третолигашот Заарбрукен продолжува со изненадувањата, сега победувајќиго второлигашот Падерборн. Домаќините водеа со 2:0 уште од првото полувреме, па така во второто полувреме успеаја да ја задржат предноста и да победат со сосема заслужени 2:1.

Резултати

Вторник 24 септември:

Минхен 1860 0:2 Борусија Дортмунд

Пројсен Мунстер 0:3 Аугсбург

Виденбрук 1:3 Сандхаузен

Волфсбург 2:0 Ален

Билефелд 0:2 Бајерн Леверкузен

Хамбургер 1:0 Гројтер Фирт

Хофенхајм 3:0 Котбус

Мајнц 0:1 Келн

Среда 25 септември

Ајнтрахт Франкфурт 2:0 Бохум

ФСВ Франкфурт 0:2 Инголштад

Кајзерслаутерн 3:1 Херта

Сарбрикен 2:1 Падерборн

Бајерн Минхен 4:1 Хановер 96

Дармштад 1:3 Шалке 04

Фрајбург 2:1 Штутгарт

Ознабрик 0:1 Унион Берлин