1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бајерн „врти“ најмногу пари во Бундеслигата

Бајерн Минхен доминираше во минатата сезона во Бундеслигата не само на спортски план, туку и на финансиски. Фудбалскиот клуб „свртел“ дури 400 милиони евра!

Бајерн Минхен останува финансиско мерило за нештата во фудбалска Германија. Сезоната 2012/13 беше рекордна на спротски план, но постигнат е и финансиски рекорд. Бајерн првпат ја надмина сумата од 400 милиони евра обрт. Тоа Карл-Хајнц Румениге го потврди за „Спорт Билд“, но други детали досега нема.

Предност од 100 милиони евра пред Борусија Дортмунд

Fußball Bundesliga Logo

Разликата меѓу оние што „свртеле“ најмалку и оние што имаат најдобри финансии во Бундеслигата е голема

Тоа значи дека минхенчани водат јасно пред конкурентите. Вицепрвакот Борусија Дортмунд, кој заврши на второ место и во Лигата на шампиони, минатата деловна година ја завршил исто така со најголем обрт во клупската историја - 305 милиони евра. Но, тоа се речиси 100 милиони евра помалку од Бајерн.

Уште појасна е разликата во финансиите, ако се направи споредба со останатите прволигашки клубови во Германија. Мајнц, на пример, исто така забележал најголем обрт на средства во историјата, но тоа се „само“ 68,4 милиони евра. Фортуна Диселдорф, која испадна од првата лига, имала обрт од 51,1 милион евра, односно само една осмина од обртот на Бајерн. Инаку, во целата прва лига минатата сезона имало обрт од 2,08 милијарди евра.