1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бајден го предупреди Иран во врска со атомскиот спор

САД му се заканија на Техеран и истовремено го повикаа на преговори за неговата спорна атомска програма. Потпретседателот Џо Бајден изјави дека Вашингтон ќе го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје.

Во интервју за германскиот весник „Зидојче цајтунг“ потпретедателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден истакна дека се’ уште има простор за разговори и директни преговори за спорнта атомска програма на Иран. „Но овој ’прозорец’ нема да биде отворен неограничено време“, истакна Бајден. Потпретседателот на САД порача дека Вашингтон ќе го спречи Иран да се стекне со нуклеарно оружје. Според него иранската нуклеарна програма важи за еден од најитните безбедносно-политички проблеми во светот.

Џо Бајден престојува во Германија каде покрај средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин ќе учествува и на традиционалната Меѓународна безбедносна конференција во Минхен. Американската министерка за надворешни работи во заминување Хилари Клинтон претходно најави дека Бајден во сабота на маргините на конференцијата за безбедност во Минхен ќе разговара за состојбата во Сирија со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Потпретседателот на САД на својата прва европска турнеја од почетокот на вториот мандат, покрај Германија ќе ги посети и Велика Британија и Франција.