1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Бајден апелира до Кина да има доверба во економијата на САД

Потпретседателот на САД, Џо Бајден за време на посетата на Кина вложи напори да ја зајакне довербата на Народната Република кон американското стопанство.

default

Џо Бајден во Пекинг

Во обраќање пред студентите во градот Ченгду во југозападна Кина, американскиот потпретседател уверуваше дека бројните инвестиции на Кина во САД се сигурни.

Бајден истотака истакна дека и покрај намалувањето на оценката за кредитоспособноста на неговата земја од страна на рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“, САД како најголема економија во светот се во секое време во состојба да ги остварат своите платежни обврски.

Во говорот во Универзитетот во провинцијата Сичуан, Бајден уште и индиректно го повика раководството во Пекинг да започне дијалог со опозиционерите и неистомислениците.

„Владата треба да ја ја респектира размената на мислења со своите граѓани“, изјави Бајден на крајот од петдневната посета на Кина.

Автор: СН/ АТ/ дв

Редактор: Александра Трајковска