1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Бачелор и мастер полека ги заменуваат класичните дипломи во Германија

Во високошколските установи во Германија за првпат во 2010 година повеќе студенти ги завршиле своите студии со бачелор диплома, отколку со класична диплома. Исклучок се право, медицина и католичка теологија.

Der Begriff Bologna-Prozess bezeichnet ein politisches Vorhaben zur Schaffung eines einheitlichen europäischen Hochschulwesens bis zum Jahr 2010. Er beruht auf einer im Jahre 1999 von 29 europäischen Bildungsministern im italienischen Bologna unterzeichneten, völkerrechtlich nicht bindenden Bologna-Erklärung.

Болоњскиот процес има за цел да ги изедначи завршните дипломи во Европа

Зура повторно почнува од почеток. Тој веќе по вторпат студира право, односно правни науки и покрај тоа што во Грузија веќе четири години студирал право: „Кога завршив добив диплома и сакав да работам во Европа во некоја меѓународна организација. За жал тоа не ми успеа, затоа што мојата грузиска диплома во земји на ЕУ не е призната. Затоа се одлучив да студирам во Германија и се запишав на право“.

Зура Караулашвили има 24 години и студира во петти семестар, по втор пат. Но, тоа нему воопшто не му пречи, вели тој: „Кога ќе кажам дека веќе сум положил цивилно право, тоа не ми се признава, бидејќи тоа не е германско право, туку грузиско. Поради тоа логично е да не се признава. Секоја земја има сопствен правен систем.“

Студии со строги правила

Освен тоа, секоја европска земја има свои сопствени правни науки. Во Германија овие студии се одвиваат според строги стандарди и на крајот од студиите се полага вториот државен испит. Во првиот семестар студентите учат одредени правни основи, потоа се одредуваат за некое конкретно тежиште од студиите. Потоа, две години студентите исчезнуваат во библиотеките. Во т.н. репетиториум тие повторуваат се’ што научиле дотогаш за по четири или пет години да започнат со испитниот маратон и првиот државен испит. Откако ќе направат еден вид пракса и ќе положат уште неколку испити доаѓа вториот државен испит на ред. По завршувањето на студиите младите луѓе можат да работат како судии или адвокати. Овој вид студии е многу компликуван во Германија и е тешко разбирлив за странските студенти, вели Зура. Тој работи на доброволна база во студентското советувалиште. “Ова е многу проблематично, затоа што кај нас доаѓаат да се информираат студенти кои во Германија студираат само еден или два семестра. Односно, тие се дел од програмата Еразмус, размена на студенти. Нивните прашања се од типит: ти студираш бачелор? Или си мастер? Ние им одговараме дека, не се работи ниту за едното, ниту за другото, туку дека првиот државен испит е релативно нешто повеќе од бачелор, а помалку од мастер. Тој е нешто помеѓу“, објаснува Зура.

Unifest an der Universität Bonn: Studierende werfen ihre Hüte (Foto: Dr. Thomas Mauersberger)

Студентите се задоволни

Мислењата за реформата на студиските дипломи се поделени

Порано во Германија покрај државниот испит имаше студиски смерови со завршна диплома или магистер студии. И двете завршни дипломи во Германија беа заменети со бачелор и мастер. Т.н. Болоњски процес има за цел да ги изедначи завршни дипломи во ЕУ и на тој начин да ја олесни размената на студентите. Правниците и медицинарите до сега не мораа да се прилагодат на овие реформи. И католичката теологија е исклучок. За среќа, вели професорот Бернд Хајнрих. Тој е декан на правниот факултет при берлинскиот Хумболд универзитет. Тој е јасен противник на бачелор и мастер дипломите, особено кога се во прашање правните науки. „Од една страна, затоа што правото се’ уште е речиси 90 проценти национално право. Затоа размената на студенти во Европа, како што е предвидено со Болоњскиот процесот, не одговара за правниците. Второ, затоа што предикатот на германските правници со двата државни испити, за што многу европски земји ни завидуваат, е загрозен.“

Професорот Хајнрих се надева дека можеби веќе реформираните студиски правци сепак ќе се вратат на традиционалните германски завршни дипломи.

Буркхард Данц има спротивно мислење. Тој е раководител на одделот за студентски прашања на медицинскиот факултет Шарите во Берлин. „Ние овде во Шарите многу долго размислувавме за завршните студии, па дури ги направивме и првите чекори. Имено, сакаме нов студиски модел којшто ќе се прилагоди на Болоња процесот. Меѓутоа, тоа беше политичка одлука и мораше да помине повеќе гремиуми. Очигледно, Германија не беше подготвена за такво нешто.“

Старите дипломи се добри, такви какви што се!

abendstudium abschluss abschlusszeugnis bachelor bachelorabschluss bildung bildungsgänge bildungsreform diplom diplomarbeit erfolg erfolgreich erfolgsleiter fernstudium hochschulabschluss hochschule karriere karriereleiter klausur kreide lernen lerninstitut master perspektive qualifizierung semester student studenten studienabschluss studienarbeit studiengang studiengänge studieren studium tafel uni universität weiterbildung zertifikat zeugnis zukunft Land Deutschland URL http://de.fotolia.com/id/27530309 m.schuckart - Fotolia.com

Бачелор или класична диплома?

Традиционалните медицинари се уверени дека сегашните интензивни студии се добри такви какви што се. Освен тоа, до сега се покажа дека по сите напорни студиски години студентите го напуштаат универзитетот како вистински лекари. Ова до сега не можеше да го гарантира ниту една мастер диплома, а за бачелор, пак, и да не зборуваме. Ова меѓутоа не е сосема точно, како што потврдува студискиот модел на Шарите. Доколку имаше политичка волја, тогаш студентите можеа да направат прво бачелор, потоа мастер и на крајот државен испит. За да се стане лекар потребно е да се студира шест години и на крајот да се полага државен испит. Меѓутоа, оној кој сака да работи како новинар во областа на медицината, тогаш нему би му била доволна и бачелор диплома. Германското високо образование меѓутоа не е единственото што се придржува до старите структури. Студиските дипломи бачелор и мастер во областа на медицината во Европа во моментов се нудат само во Швајцарија и Холандија.