1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Батуми- кошмар за турските сопруги

Хотели, ноќни клубови и казина никнуваат како печурки на дожд на променадата на Батуми, поради растечкиот број на гости од Турција, главно мажи, кои во Грузија сакаат да го доживеат она, што дома им е забрането.

Градежниот бум во Батуми (насловна фотографија) започна со една зграда во која има казино кое е нон-стоп отворено. Тоа привлекува коцкари од целиот регион, главно од Турција. Сулејман од Трабзон е тука секој викенд.
Турската трговска комора проценува дека за ноќен живот во Батуми Турците месечно трошат 100 милиони евра.

Во градот веќе работат 4 казина. Уште неколку се во изградба. Лиценците се евтини и брзо се доделуваат, оти градот ги смета коцкарниците за стимуланс за економијата. Игрите на среќа во Турција се забранети. Откако е отворена границата со Грузија, малограничниот сообраќај меѓу Европа и Мала Азија цути.

Повеќе работа за турските дипломати

Со години Нуксар Кваришвили секоја квечерина со брод вози туристи. Турата чини околу 5 евра. Бродот е сопственост на неговиот син. Кваришвили се радува за подемот на својот град и ужива во неговата ноќна блескавост.


„Казината се составен дел на бањски комплекси. Туристите сакаат и забава. На крајот од краиштата, никој не е присилен да се коцка“, вели капетанот на брод од Батуми. Посетителите доброволно одат и во ноќните клубови.

Проституцијата во предградијата на Батуми, како и во цела Грузија, не е легална, но сепак се толерира. Најголем дел од гостите се од соседната држава. Во клубовите се слуша турска поп музика.

Од еден друг свет: романтичен љубовен идеал. Во Батуми ги има обете работи. Откако е отворена границата, турските дипломати имаат повеќе работа. Во конзулататот постојано ѕвонат Турчинки кои ги бараат своите сопрузи. „Тоа е сосема нормално. Членовите на нивните семејства патуваат во туѓа земја. Ако не им се јават, по неколку часа или половина ден ги фаќа паника“, вели Ертан Гарип, турски вицеконзул во Батуми.

„Така не може“

Бројни продавачи на плажа продаваат разни видови храна. Еден се жали дека Турците ретко купуваат од него. „Што да ви кажам. Заработувам најмногу 5 евра дневно, а на нозе сум од 10 часот наутро до 10 навечер.“

Am Strand in Georgien

Плажа во Батуми

Во Батуми има многу надничари. Во многу населби и денес се видливи траги на распаѓање по крајот на Советскиот сојуз. На темната страна на бумот во Батуми се и растечките стравови на постарите, дека богатите Турци можат да го отуѓат нивниот град од грузиската држава.
„Што добро им носат казината на луѓето? Ништо. Тоа е чисто расфрлање со пари“, вели еден пензионер. Но во збор му влетува друг пензионер: „Чекај малку. Државата сепак зема данок. Тоа е за наше добро.“ Нивниот пријател се надоврзува: „Ако таа оди во насока на Европа, тогаш е добро ако имаме тесни врски со Турција“. Но тогаш се обеспокојуваат и критикуваат дека многу Турци во Батуми се однесуваат како градот да е турски. „Така не може“, дофрлува едниот.

Додека старите негодуваат, градоначалникот на Батуми, Џемал Ананидзе посетува ново градилиште. Тука никнат стотици туристички апартмани. Батуми планира засилено да привлекува гости од Европа вели градоначалникот: „Треба засилено да се вложува во други слободни активности. Значењето на казината ќе опаѓа. Тие ќе останат атракција, само една од многуте.“ Малку Лас Вегас, малку Дубаи, по нешто од Ница. Тоа е Батуми, град со манија да привлече внимание.