1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Басеску се премисли - бара бојкот на референдумот

Времено отстранетиот романски претседател Трајан Басеску синоќа ги повика граѓаните да го бојкотираат утрешниот референдум, со кој ќе се одлучи дали тој ќе се врати на функцијата или ќе биде трајно отстранет.

Првично Басеску ги повика Романците да гласаат и да го одбранат, но неговата позиција за референдумот драстично се промени оваа недела, кога тој и неговите демократско-либерални сојузници изразија загриженост за можна гласачка измама.

„Ги повикувам Романците да не учествуваат на овој референдум, зад кој некои неодговорни политичари се обидуваат да прикријат државен удар“, изјави Басеску во последната ноќ од референдумската кампања.

Резултатот од референдумот ќе биде валиден само ако на гласање излезат 50 проценти плус еден од граѓаните со право на глас. Басеску повторно ја нагласи опасноста дека владејачкиот Социјал-либерален сојуз на премиерот Виктор Понта ќе се обиде да направи измама, наведувајќи ги како доказ продолжениот изборен ден (од седум до 23 часот), нејасните избирачки списоци и одлуката на владата да отвори дополнителни избирачки места во ресторани, барови и хотели.

Referendum in Rumänien

Романец извикува слогани со поддршка за отстранување од функцијата на претседателот Трајан Басеску

Прврзаниците на Понта го отстранија Басеску од функцијата овој месец, обвинувајќи го претседателот Басеску дека ги надминал своите овластувања. Басеску пак го обвини Социјал-либералниот сојуз дека се обидува да ги контролира независните институции.

Од своја страна, времениот вршител на должност шеф на државата Крин Антонеску ги повика граѓаните да излезат утре на гласање, бидејќи тоа е нивно фундаментално право, изразувајќи увереност дека со референдумот ќе се докаже уште веднаш дека Романија е целосно демократска земја.

Анкетите покажуваат дека исходот од гласањето ќе биде инпичмент за Басеску, кој не е популарен меѓу населението, откако ги поддржа мерките за штедење.