1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Басеску останува, борбата за превласт продолжува!

Суспендираниот шеф на романската држава може да се врати во претседателската палата. Уставниот суд одлучи дека референдумот за негова смена не бил валиден. Но борбата за превласт со тоа не е завршена!

Речиси два месеци во Романија траеше спорот околу судбината на шефот на државата Трајан Басеску. На почетокот на јули парламентот донесе одлука за негова суспензија, но сега, по одлуката на Уставниот суд, тој се враќа во претседателската палата. Причината е што референдумот од 29. јули на кој се гласаше за негово отстранување од функцијата, е поништен поради слаб одзив на гласачите. Но борбата за превласт меѓу романскиот премиер и претседател не е завршена, туку влезе во нова фаза.

Привремениот претседател Крин Антонеску и премиерот Виктор Понта најавија дека ќе ја почитуваат одлуката на Уставниот суд, иако додадоа дека ја сметаат за некоректна. Притоа, Антонеску ги повика граѓаните и јавно да протестираат против пресудата и враќањето на Басеску во претседателската палата.

Обид за изборна измама

Според романскиот Устав, претседателот, кому претходно му беше изгласана недоверба во парламентот, може да биде сменет само доколку тоа го одобрат граѓаните на референдум. На одржаното изјаснување, гласачите со големо мнозинство - 87 отсто поддржаа заминување на Басеску, но не беше исполнет цензусот од 50 проценти излезност.

Премиерот Понта бараше повторно пребројување на гласовите и преиспитување на бројот на населението кое имало право да учествува на референдумот. Тој смета дека гласовите на три милиони Романци кои живеат во странство не се сметале. Пред две недели во јавноста излегоа и информации за подготвуван обид за изборна измама. Владата сакала да манипулира со наводните гласови на десетина илјади мртви, за да добие повисок одзив.

По сето тоа, претседателот на Уставниот суд Аугустин Зегреан и‘ се обрати за помош на Европската комисија, бидејќи сметаше дека е загрозена независноста

Demonstration für Amtsenthebung Rumänien

Демонстрации против Басеску во Букурешт

на Уставниот суд. Ваков случај досега не е забележан во ЕУ. Деветте уставни судии во Романија, паритетно, ги именуваат политичките партии и претседателот. Оттука и во Уставниот суд постои поделба по политичка линија.

Премиерот Понта, по одлуката на Уставниот суд, ги окарактеризира уставните судии како нечесни, а решението Басеску да се врати на функцијата како нелегално. Судијката Аспациа Којокару, која инаку беше на страната на Понта, изненадувачки пред самото гласање го смени ставот и изјави дека не сака да го крши законот и со тоа да ја озакони изборната измама.

Привремениот претседател Антонеску веќе најави дека владините партии ќе продолжат да се борат против Басеску и „ќе ја ослободат Романија“. Тој најави и ново гласање за доверба на романскиот претседател.