1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Басеску и Ѓоана во финална битка за романски претседател

Денеска во Романија се одржува втор круг избори, на кои граѓаните ќе го изберат идниот претседател на државата. Во трка останаа актуелниот претседател Трајан Басеску и предизвикувачот, социјалдемократoт Мирча Ѓоана.

default

Басеску и Ѓоана ќе одлучат кој ќе ја предводи Романија

На двајцата политичари сега им се прогнозираат еднакви шанси, а изборната кампања го подели романското општество. И по 20 години по политичкиот пресврт на избори излегоа двајца политичари кои се поврзуваат со комунистичкото минато на земјата.

Тесниот резултат по првиот круг избори - 32,5 проценти за Трајан Басеску и 31,2 проценти за Мирчеа Ѓоана доведе до поларизирање на политичката класа во Романија и делумно го радикализираше гласачкото тело. Од една страна стои Демократско либералната партија и нивниот кандидат, актуелниот претседател Трајан Басеску. Неговите противници стравуваат дека со евентуална победа, Басеску и неговата партија би имале целосна котрола врз политиката и економијата во земјата.

На другата страна е Мирча Ѓоана, актуелен претседател на Сенатот и шеф на екс- комунистичката Социјалдемократска партија. Неговата кандидатура во меѓувреме е поддржана од широк сојуз, кој има за цел претседателот Басеску да не биде реизбран. Најпознат подржувач на кандидатот на Социјадемократската партија е Либералната партија, верен партнер на Басеску на изборите во 2004 година.

Трката за претседстел во Романија беше засенета од валкана кампања против актуелниот претседател, кој агресивно се спротивстави, додека важните теми како економската криза, растечката невработеност, или политичката нестабилност беа турнати на маргините.

Претседателот опстојува на реформите во државата. На последниот референдум што се одржа паралелно со првиот круг претседателски избори на 22 ноември, мнозинството од околу 80 проценти го подржа неговиот предлог да биде укинат сенатот, и бројот на пратениците драстично да се намали од 470 на 300 пратеници. Резултатот не е обврзувачки, но ја покажува недовербата на избирачите кон политичките претставници.

Wahlen in Rumänien Wählerin Roma

Романија е една од најсиромашните земји во ЕУ, и се соочува со големи финансиски проблеми

Басеску посакува продолжување на најавените реформи:

„За Романија е битна реформата на државата. Без неа ќе се намалат шансите да се обезедат финансиски ресурси за инвестициите, за и онака ниските плати во јавниот сектор и многу ниските пензии. Минимали ќе бидат и ресурсите за воспитување и здравство.“

Но резултатот од денешните избори е многу повеќе отколку само решение- кој ќе биде претседател наредните пет години. Од средината на октомври, во Романија на власт е преодна влада, откако социјалдемократите ја раскинаа големата коалиција со Демократско-либералната партија. Именувањето на нов премиер, од страна на претседателот беше неуспешно поради новоформираното парламентарно мнозинство меѓу Социјалдемократите и Либералите. Предлогот на Либералите напротив веднаш беше прифатен: Клаус Јоханис, успешниот градоначалник на Сибиу треба да биде премиер, доколку Ѓоана победи на претседателските избори. Ѓоана од друга страна очекува дополнителни гласови преку „проектот Јоханис“:

„ По шести декември ќе внесеме политичка стабилност. Со сите сили и чесни напори ќе покажеме дека во Романија е можна и поинаква политика. Компетентност и транспарентност - тоа ќе бидат клучните зборови на оваа влада.“

Успехот на Јоханис на локално ниво може да биде решавачки за денешниот исход од претседателските избори. Тој самиот ја прифати ваквата улога и вети дека на чело на владата ќе ја извлече земјата од кризата.

„Ние сме тим, кој веруваме дека ќе ги решиме проблемите, кои Романија ги има во моментов.“

Според последните анкети, Ѓоана води во трката со Басеску. Нејасно останува дали бирачите на Либералите ќе успеат да го направат идеолошки скок кон екс комунистичката Социјалдемократска партија. Таа во времето на комунистичката диктатура буквално ја уништи целата либерална елита од политиката, економијата и културата. Денес социјалдемоткатите и либерлите зборуваат за помирување - но избирачите ќе одлучат дали се согласни со тоа.

автор:Кристијан Стефанеску/АТ/ЖА

редактор: Борис Георгиевски