1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Басаев ја презеде одговорнсоста за терористичките напади во Русија

Чеченскиот терорист Шамил Басаев, според една интернет страница блиска до бунтовниците, ја преземал одговорноста за заложничката драма во Беслан, каде починаа повеќе од 330 лица.

Шамил Басаев

Шамил Басаев

На интернет страницата на бунтовниците „кафказ – центар. ком“, најбараниот човек во Русија ја презема одговорноста за терористичките напади во последниве недели. Басаев ова го стори сам со помош на неговите исламски бригади. Со Осама Бин Ладен нема никаква врска, не биле примени никакви финансиски средства ниту од страна на Ал Каеда. Акцијата во Беслан чинела само 8.000 долари, уривањето на авионите 4.000 и нападите во Москва 7.000. Оружјето, експлозивот и возилата биле претходно запленети.

Во терористичката група во Беслан се на се имало 33 борци од кои 12 Чеченци, две Чеченки, борци од Ингушија, Русија, Осетија и претставници на други националности.

Поинаку отколку што се тврдеше претходно, воопшто не се барало ослободување на заробените бунтовници, туку повлекување на руските трупи од Чеченија и оставка на Путин. “Ако Путин даде наредба, да се сопре војната, на заложниците ќе им дадеме вода.” гласеше барањето. “ Ако Путин поднесе оставка, ќе ги ослободиме сите деца и ќе се повлчеме во Чеченија.”

Радио станицата “Ехо Москви” која утрово веднаш по објавувањето извести за писмото со кое Басаев ја презема одговорноста, доби телефонски повици од слушателите, кои критикуваа дека редакцијата е гласноговорник на терористите. Руската државна телевизија меѓу другото извести за успешното притварање на Камал Урахли исто така баран терорист. Портпароот на руските трупи стационирани во Чеченија Илја Шабалкин рече:

“ На неговата совест лежат голем број цивили и војници. Тој извршуваше терористички напади врз мирољубивите граѓани и воените единици. 10 години, можеби и повеќе живеше во Велика Британија. Тамошните власти му издадоа документи со кои можеше да патува низ другите западно европски земји. Поради редица казниви дела повеќе пати се најде пред суд.”

Руското министерство за надворешни работи меѓу другото ја повтори критиката упатена до Велика Британија и САД, дека на чеченските сепаратисти им овозможуваат политички азил. Се милси на поранешниот министер а надворешни работи на Чеченија, Илјиас Ахмадов и Ахмед Сакајев портпарол на поренешниот чеченски претседател Аслан Масхадов кој живее во егзил во Лондон. За Масхадов и Басаев руската влада понуди награда од 8 милиони евра.

Поранешниот руски претседател Борис Јелцин индиректно го опомена неговиот наследник Владимир Путин, во борбата против тероризмот да не го повредни уставот, за кој народот гласаше на рефередум во 1993 година. По трегедијата во Беслан замјата стана поинаква рече Јелцин во интервју за неделниот весник “ Москау њус”