1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Бартоли го освои Вимблдон победувајќи ја Лисицки

Француската тенисерка Марион Бартоли денеска (06.07) во финалето на Вимблдон ја совлада Германката Сабине Лициски со 2:0 во сетови.

Марион Бартоли е новата кралица на Вимблдон. Таа во денешното финале по 1 час и 21 минути игра, со 6:1 во првиот и 6:4 во вториот сет, ја совлада надежта на Германците за нова славна ера на Вимблдон, Сабине Лисицки.

За Бартоли, која e 15-то пласирана ВТА листата на најдобри светски тенисерки, ова е прва титула на Грен слем турнирите, на кои досега има одиграно едно финале и едно полуфинале. Ова е нејзина осма титула во кариерата.

Втората учесничка во финалето Сабине Лисицки е 24-та тенисерка во светот и досега во кариерата има освоено три турнири. И покрај поразот, таа ќе го подобри својот пласман на ВТА листата и ќе се искачи на 18-то место.

Со поразот на Лисицки во денешното финале Штефи Граф и натаму останува последна германска победничка на Вимблдон. Таа својата последна, од вкупно седум шампионски титули на турнирот во Англија, ја освои во 1996 година.