1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Барселона шокирана во Милано

Фудбалерите на Милан ја надиграа Барселона и победија со 2:0, додека Галатасарај и Шалке одиграа 1:1, во првите осминафинални натпревари во Лигата на шампиони.

Милан тактички ја надигра Барселона, којa во текот на целиот натпревар делуваше безидејно, без ниту една вистинска можност за постигнување на гол. Од друга страна тренерот Алегри одлично ги постави своите фудбалери на теренот, кои целосно го неутрализираа Лионел Меси, а речиси максимално ги искористија сите свои шанси.

Кевин-Принс Ботанег во 57.минута го постигна првиот гол, кој сигурно ќе предизвика многу дискусии, пред топката да стигне до Боатенг таа во раката го погоди Запата. На девет минути до крајот Сули Мунтари го постигна голот, откако ја заврши одличната акција на Нијанг и Ел Шарави.

Шалке во Истанбул, против Галатасарај оствари и повеќе од поволен резултат. Двата тима одиграа извонредно првото полувреме, во кое постигнаа по еден гол и имаа уште по неколку одлични можности за постигнување на гол.

Бурук Јилмаз во 12.минута му донесе предност на Галатсарај, беше тоа неговиот седми гол во исто толку натпревари во Лигата на шампиони. Шалкеизрамни преку Џонс на истекот на првото полувреме, Американецот со гол ја заврши акцијата на Фарфан.