1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Барселона на врвот на Европа

Барселона е нов европски првак во фудбал. Синоќа во Париз, каталонците во извонредно интересен натпревар славеа против лондонски Арсенал со 2:1 и за втор пат во клупската историја се искачија највисоко на победничкиот пиедестал

default

Пет минути беа доволни за пресврт на вчерашниот финален натпревар, кој донесе многу возбудувања. Арсенал со играч помалку имаше водство до 76 минута, кога Барселона набрзина преку Самјуел Ето и Јулиано Белети обезбеди водство кое со офанзивна игра го зачува до крајот. Клучниот момент на натпреварот се случи во 18 минута кога голманот на Арсенал, германецот Јенс Леман, надвор од шеснаесетникот го собори Ето и спаси сигурен гол, но заработи црвен картон. Арсенал и со играч помалку поведе преку Сол Кембел, резултат со кој и заврши првиот дел. Тренерот на Барселона Франк Рајкард секако задоволен:

„Барселона, победник во лигата на шампиони во 2006. Тоа е работа која е важна, значајна, тоа е најважното нешто, мислата на сите навивачи кои ги имаме и радоста која тоа ќе им ја овозможи. Тоа е првата работа на која мислам во моментов„ рече по натпреварот тренерот на Барселона Франк Рајкард

Фудбалерите на Арсенал кој за прв пат играше во финале во лигата на шампионите, можа да жалат заради неколкуте шанси кои не ги реализираа. Тренерот Арсен Венгер и Тиери Анри вината за поразот најмногу ја гледаат во делителот на правдата, Терје Хег.

„ Тешко е да се прифати да се загуби натпревар, но исто така е тешко да се загуби натпревар од погрешна одлука. Мислам дека израмнувачкиот гол беше постигнат од офсајд. Тоа беше видливо на телевизија. Зошто да го прифатиме тоа? Тоа е така. Тоа е дел од играта, но јас сеуште не верувам дека е исправно и во иднина ќе мораме да сториме нешто околу тоа„ изјави Венгер по натпреварот

Огорчен беше и голманот Јенс Леман, кој до финалниот натпревар 900 минути во лигата на шампионите беше без примен гол:

„ Нормално човек нема шанса тоолку често да игра ваков натпревар и со оглед на тоа можете да замислите колку е тоа трагично„ рече Леман