1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Барса е на европскиот трон!

Брилијантните виртуози со топка од тимот на Барселона се победници во фудбалската Лига на шампиони. Во финалето во Рим, тие го победија Манчестер јунајтед со 2:0.

default

Пехарот го освои Барселона

Голот на Самјуел Ето во десеттата минута од натпреварот и ударот со глава кој заврши во голот на Манчестер јунајтед на малиот фудбалски џин - Лионел Меси во 70-тата минута, им ја донесоа на Каталонците заслужената победа во финалето и третиот трофеј на Лигата на шампиони во историјата на клубот.

„Најдобри се, најдобрата екипа на светот“, вели еден навивач и - во право е!

Победата на Барселона, извојувана на преполниот стадион Олимпико во Рим беше сосема заслужена. Манчестер јунајтед покажа премалку и освен Кристијано Роналдо ниту еден од „црвените ѓаволи“ немаше топ финална форма. Барса имаше едноставно премногу простор за игра и тоа го искористи. Тренерот на Манчестер, Алекс Фергусон, по натпреварот изјави: „Мора да му оддадеме признание на многу добриот тим на Барселона. Тука нема дилема - тие се она што се. Ако се во водство, тогаш е многу тешко да бидат поразени, зашто можат да ја задржат топката кај себе.“

Меси може се‘

Тренерот на Барселона, Пепе Гвардиола, кој е еден од ретките, заедно со Анчелоти и Рајкард, кој и како играч и како тренер станал првак на Европа, по натпреварот со

Fußball UEFA Champions League Manchester United Barcelona

Навивачите на Барселона се пресреќни

полна уста пофалби за Меси: „Во првите десет минути имавме големи проблеми. Погодокот во првите минути многу ни‘ помогна. Го повлековме Меси повеќе кон средината и одевме на повеќе задржување на топката. Тоа ни‘ помогна. Меси може се‘, тој е едноставно најдобар.“

Десетици илјади Шпанци ја славеа победата на Барселона во Лигата на шампиони. Според наводи на полицијата, само во центарот на Барселона ноќеска се собрале близу 80.000 навивачи за да ја прослават победата на Каталонците. Барселона, со победата во финалето во Рим, стана дел од фудбалската историја. Тоа е прв шпански клуб кој во една сезона ги освоите трите најважни трофеи - првак во шпанското првество, освојување на шпанскиот куп и Лигата на шампиони.


Автор: ЕМФ/АТ/дпа/дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM