1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Баро ја нарече Македонија - „Северна Македонија“

Потпретседателот на Европската комисија, Жак Баро навести укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Притоа, еврокомесарот за правда, Република Македонија ја нарече „Северна Македонија“.

default

Жак Баро

На состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург, не беше донесена ниту одлука, ни заклучоци по прашањето за визната либерализација. Тоа беше само можност за запознавање со извештаите на Европската комисија за секоја земја посебно. Словенија, по чие барање беше отворено ова прашање, се залaга за индивидуален пристап, додека еврокомесарот за правда и внатрешни работи Жак Баро, најавува дека одлуката за укинување на визите е можно да биде донесена до почетокот на есента за три земји: Македонија, Србија и Црна Гора. Во таа прилика Баро, ја нарече Република Македонија – „Северна Македонија“:

„Тоа што можам да кажам е дека ние денес имаме чувство дека ПЈРМ, Северна Македонија, Србија и Црна Гора навистина направиле големи напори. Затоа, ние мислиме дека треба да водиме сметка за овие напори. Во моментов не сум апсолутно сигурен, но постои веројатност да предложиме за крајот на годинава либерализација на визниот режи. Тоа е предлог за трите земји. Но, тоа е само предлог и тоа е веројантност за која не можам да кажам повеќе“, изјави комесарот за правда и внатрешни работи, Жак Баро. Тоа според него е можно, но под услов ако земјите членки се согласуваат.

„Нормално треба да донесеме одлука пред летото или почетокот на есента, зависи од агендата на претседателството“, додаде Баро.

„Мали грешки“ се случуваат?

„Грешката“ на Жак Баро кој во изјавата за новинарите најпрво рече „ПЈРМ“ за потоа веднаш да се поправи самиот со „Северна Македонија“ може да се стави во контекст на се‘ почестото

Ivica Bocevski und Olli Rehn

Жак Баро со македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски и вицепремиерот Ивица Боцевски (архива)

пишување и изнесување на мислења за евентуалното можно решение за прашањето на името. Но, тоа е првпат еден висок европски функционер –потпретседател на Европската комисија - да го употреби тоа име. Неговиот портпарол беше категоричен: „Ако во еден даден момент тој искористил друг израз од ПЈРМ, тој направил мала грешка и тоа може да се случи...“

Одлуката за укинување на визите не ја носи Европската комисија, туку Европскиот совет, односно земјите членки на ЕУ. Според она што беше објавено во јавноста и потврдено на вчерашниот (04.06.2009) состанок во Луксембург, Македонија ги има исполнето сите услови, додека Србија и Црна Гора ќе треба да работат уште во наредниот период.

Словенија бара индивидуален пристап во одлучувањето за укинување на визите

Укинувањето на визите, според министерката за внатрешни работи на Словенија Катарина Кресал, која ја иницира расправата на министерско

Symbolbild Visum und Visa Warndatei

ниво , ќе претставува чекор напред и голема надеж за населението на овие земји, што може позитивно да се одрази на идните односи на регионот со ЕУ.

„Словенија го поддржува процесот на визната либерализација, таа го поддржува индивидуалниот пристап во исполнувањето на „патниот налог“, односно да се разгледува индивидулно случајот на секоја земја кандидат за укинување на визите. Тоа ќе овозможи побрз напредок и мотивација за другите земји“, изјави Катарина Кресал.

Министерката за внатрешни работи на Словенија побарала од останатите министри и Комисијата, да им помогнат на најдобар начин на земјите од регионот да ги исполнат бараните услови што ќе дозволи либерализација на визниот режим.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска