1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Барозо ја пофали Бугарија

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо денеска (31.08) ја пофали Бугарија поради намалувањето на државниот дефицит.

Првиот човек на Европската комисија Жозе Мануел Барозо ја повика Бугарија да продолжи со напорите за зачувување на довербата на финансиските пазари.

„Бугарија ги презема сите важни мерки за буџетска консолидација“, рече Барозо и додаде дека земјата веќе не е предмет на европските процедури за претеран дефицит.

Министрите за финанси на ЕУ ја укинаа процедурата за Бугарија за претеран дефицит во јуни. Софија применува механизам на штедење од 1997. година. Бугарската економија веќе 15 години има стабилни макроекономски индекси. Она што е потребно, како што нагласи претседателот на ЕК, е „подобрување на животниот стандард и одржувањето на стопански пораст“. Барозо и‘ препорача на Бугарија реформа на пензискиот систем и намалување на невработеноста, особено кај младите.

Инаку, Барозо во Софија денеска отвори нова линија на метрото, финансирано со 476 милиони евра од фондовите на ЕУ. Една од станиците на метрото е наречена „Европска унија“.