1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Барозо од Грците бара штедење

Грчката влада прави напори за заштеди од повеќе милијарди, ќе се кратат повторно и пензиите. Но, коалицијата уште не е единствена околу ова. За претседателот на ЕК, Барозо, штедењето е единствен пат за излез од кризата.

Грчката влада планира во следните две години дополнителни заштеди во висина од 11,7 милијарди евра. Со тоа сака да избегне државен банкрот и излегување од еврозоната. За претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, тоа е единствениот пат кој земјата ја води надвор од кризата. Тој побара од Грција да се придржува кон преземените обврски, нагласувајќи дека сите европски лидери потенцирале дека земјата треба да остане во еврозоната, доколку го исполни тоа што го ветила.

Барозо по средбата во Атина со грчкиот премиер Андонис Самарас истакна дека повеќе не се доволни зборовите и оти важни се делата. Тој додаде дека од грчкиот премиер добил уверување дека Атина ќе го исполни ветеното.

Барозо посочи дека ја разбира загриженоста на грчките граѓани поради жртвувањата, кои тие ги прават, но додаде дека реформите се потребни, а исто така и зголемувањето на конкурентноста. Тој им порача на Грците дека има надеж и оти тие не се сами.

Самарас ја изрази решителноста на владата да ги спроведе структурните реформи, приватизациите и да ги примени мерките за ограничување на буџетскиот дефицит, договорени со кредиторите.

„Ќе сториме се што е можно за да има раст, така што земјата ќе ги реализира поставените цели“, рече Самарас.