1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Барозо за ДВ:“Европа треба да функционира“

Во недела Европската Унија го слави 50-иот роденден . Германското претседателство има намера со една таканаречена Берлинска декларација и со нов поттик за процесот за донесување на Европскиот Устав да ја заживее се помалата воодушевеност на Европејците од Унијата . И претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Барозо е сигурен дека со Берлинската декларација ќе произлезе нова динамика .

Најубавиот подарок за 50-иот роденден на Европската Унија би бил уставот , кој по негативните референдуми во Франција и во Франција , се наоѓа на тенок мраз. Според мислењето на претседателот на Европската Комисија , Жозе Барозо , на Унијата со 27 членки е е потребна нова книга со правила за да може натаму да функционира . Тој меѓутоа одрекува дека Европа се наоѓа во криза. Од славеничката декларација што треба да биде донесена на претстојниот роденденски Самит на шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ во Берлин , Барозо очекува многу:

„ Се надевам дека со Берлинската Декларација , ќе произлезе нова динамика , така што сите земји на крајот од германското претседателство ќе можат да се согласат за планот за дејствување и ако е можно и за рамките за решението на проблемот “

Во интервју за ДВ Барозо уште вели дека погледнато наназад ЕУ по две светски војни е многу успешна приказна на помирување , обнова и интеграција , која би можела да биде пример за многу региони во светот . Наредните 50 години ќе бидат уште подобри- истакнува Барозо:

„Сметам дека Европа не би требала да има страв пред ова столетие . Напротив : Ние сме многу успешни во рамките на глобализацијата . Колку повеќе ќе се обединиме во мултирателарниот ангажман со сета наша многустраност ,толку повеќе ќе покажуваме дека веќе сме подготвени за свет во кој е поврзан секој со секго . Значи не сметам дека Европа е осудена на пропаст . Токму спротивното : Ние располагаме со ресурси, за да можеме да се соочиме со задачите на 21 век.

Како нареден чекор треба да биде приемот на балканските земји во Унијата –вели Барозо кој ја предводи Европската Комисија од 2004-та година .За тоа каде треба да лежат границите , би требало наново да одлучува секоја нова генерација . Не може да се одреди максималниот број на земји членки . ЕУ веќе води преговори за членство со Турција . Тие меѓутоа течат жилаво . Прием во Унијата посакуваат и Украина и Грузија :

„ Мислам дека не би било мудро сега да се повлечат граници , бидејќи границите значат ограничувања . Оставете да се погрижиме за тоа , Европа да функционира“