1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Барозо – Буш клима

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо ги критизираше најновите предлози на американскиот претседател Џорџ Буш за заштита на климата како недоволни. САД како најголем загадувач за Земјината атмосфера имаат и посебна одговорност, изјави Барозо за “Фајненшел тајмс Дојчланд“. Буш претходно предложи 15-те најголеми производители на штетни гасови да се сретнат на конференција кон крајот на годината. Германската канцеларка ја поздрави иницијативата на Буш, но додаде дека за обврзувачки цели треба да се разговара веќе на самитот на Групата Г8 во Хајлигендам наредната недела.