Барозо бара ЕУ како федерација на национални држави | Свет | DW | 16.09.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Барозо бара ЕУ како федерација на национални држави

Ниту една европска држава сама не може да преговара на еднакво рамниште со САД или Кина, нагласува претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо за „ФАЦ“.

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо ќе внимава на тоа дали Европската централна банка се држи до европските договори. „Ако го пречекори мандатот, ние како Европска комисија ќе бидеме први што ќе поднесеме тужба пред Европскиот суд, барајќи договорите да се почитуваат. Тоа е наша обврска“, вели Барозо за денешното (16.09) издание на „Франкфуртер Алгемајне Зонтагсцајтунг“. Според Барозо, ЕЦБ дејствувала во рамки на својот мандат кога одлучила да купува државни обврзници од земјите во криза кои се под чадорот за спас.

Освен тоа, претседателот на Европската комисија го брани и своето барање за европска „Федерација на национални држави“. „Основната идеја на федерализмот е демократска. Јас не сакам супер-држава Европа“, додава тој. Барозо нагласува дека неговата идеја не е насочена против нациите и посочува дека националните држави би морало да делат повеќе овластувања со Брисел, но на тој начин да не загубат моќ. Европа нанадвор треба да настапува како политичка унија која има тежина, смета тој. „Ниту една европска држава одделно не може да преговара со САД или Кина на исто рамниште“, нагласува Барозо. Тој во Европскиот парламент во средата (12.09) најави дека Европската комисија во 2014 година ќе поднесе предлози за потесна политичка унија.