1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Барозо: Албанија напредува, статусот на кандидат е достижен

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо изјави дека Албанија остварила напредок во исполнувањето на неопходните услови и оцени дека добивањето статус на кандидат за членство во ЕУ е достижен чекор.

На прес-конференцијата во Брисел по средбата со албанскиот претседател Бујар Нишани, претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо вчеравечер (17.09) нагласи дека е уверен во европската перспектива на Албанија.

„Албанија навистина напредуваше и верувам дека изгледите за продолжување на напредокот во 2012. година се добри, а статуст на кандидат е достижен. Сега на вас е да го направите неопходното, со наша помош, за Албанија да напредува и натаму во процесот на евроинтеграции“, рече Барозо.

Според него, за албанските власти клучно е исполнувањето на 12 приоритети кои ЕК ги наведе во својот извештај од 2010. година, а посебно оние кои се однесуваат на владеење на правото, реформа на јавната администрација и почитувањето на човековите права.

„Врз основа на она што е веќе направено, Албанија може и мора да направи повеќе. Треба да вложи дополнителни напори во реформа на институциите, борбата против корупцијата и организираниот криминал и почитувањето на владеењето на правото, вклучувајќи и независно и ефикасно судство“, рече Барозо.