1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Барнс се надева на скоро решение за името

Заменик државниот секретар на САД Вилијам Барнс се надева спорот за името меѓу Македонија и Грција да се реши што е можно поскоро. Македонскиот министер за надворешни работи вели - РМ направи доволно отстапки.

default

Вилијам Барнс е оптимист за грчко-македонскиот спор

Портпаролот на Стејт департментот ова го изјави по разговорот меѓу заменик-државниот секретар на САД Вилијам Барнс и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во Вашингтон.

Во интервју за Гласот на Америка шефот на македонската дипломатија пак, изјави дека Македонија има направено голем број отстапки во поглед на спорот со Грција, на патот на интеграциите на земјата во светските структури. Македонија е целосно посветена да најде решение што ќе и‘ овозможи на земјата да стане членка на НАТО, изјави Попоски.

Nikola Poposki Außenminister Mazedonien

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Фокусот е на резултатот, а не на настанот

Во врска со очекувањата на земјата до самитот на Алијансата во Чикаго, шефот на македонската дипломатија одговара дека Македонија е попрво фокусирана на резултатот – земјата да стане членка - час поскоро, отколку на настанот.

„Со самиот факт што САД имаат толку многу инвестирано во целиот наш регион и во интеграцијата на НАТО, автоматски, мотивацијата треба да биде на високо ниво.  Она што е реално на теренот е дека Чикаго не е самит што е фокусиран на проширувањето. НАТО има стратешки одредници што треба да ги определи и во тој правец се насочени најголемиот дел напори.  Она што е за нас значајно е дека исполнувањето на критериумите и заслуженото членство треба да се материјализираат час поскоро. Затоа и инсистирам на тоа дека Чикаго не е цел сама по себе. Нашата цел е да го промовираме фактот дека Република Македонија треба да стане земја-членка и тоа е во интерес на сите“, додава Попоски.

Во врска со можноста Грција повторно да го блокира приемот на земјата во НАТО, Попоски со став:

„Повторно би навлегле во домен на шпекулации.  Тоа што мислам дека  релевантно во овој контекст е дека Република Грција е членка на ОН. Суд на ОН им донесено определена одлука и во таа одлука исто така го наведува поведението што се очекува во иднина. Од аспект на Република Македонија, не можеме да очекуваме априори дека Грција не би ја почитувала таа одлука и дека би одела свесно контра таква одлука“.

Mazedonien NATO Mazedonische Fahne und NATO Fahne

Солуција предвидена со Времената спогодба

Одговарајќи на прашањето дали Македонија планира да оди на прием со кратенката БЈРМ на самитот во Чикаго, министерот одговара дека тоа е предвидено со Времената спогодба.

„Тоа е нешто што е предвидено со Времената спогодба. Времената спогодба предвидува дека во организации во кои Грција е членка, а Република Македонија има аспирација да стане, според тие критериуми кои се предвидени во Времената спогодба, и онака како што е регулирано во рамки на ОН, нема никаква причина да наидеме на опструкција“, смета Попоски.

Автор: ЖА/ЕМФ/макфакс

Редактор: Е. М. Фиданоска