1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Барнс:,,Да се елиминира корупцијата“

,, Северноатланската Алијанса се уште не е подготвена да донесе одлука за прием на нови членки, но Македонија , Албанија и Хрватска остварија добар прогрес кон НАТО„ истакна во Вашингтон америкaнскиот државен потсекретар Николас Барнс.

Вашингтон

Вашингтон

Тој им беше домаќин на министрите за надворешни работи од јадранската група и со нив разговараше за тоа до каде се нивните трите земји на патот кон Алијансата.

,,Да се елиминира корупцијата од официјалните владини кругови, да се стави акцент на политичката слобода и да се спроведат слободни и праведни избори„ им порача во Вашингтон американскиот државен потсеткретар Николас Барнс на шефовите на дипломатиите на Македонија, Хрватска и Албанија.

Илинка Митрева, Колинда Грабар Китаровиќ и Бесник Мустафај во американската претстолнина заминаа да го поттурнат процесот на приклулчување на Македонија, Хрватска и Албанија во НАТО.

Како земји потписнички на Јадранската повелба, тие од Барнс побараа на наредниот самит на Алијансата во Рига, јасно да биде споменат напредокот што го постигнале, како и да бидат вреднувани индивидуалните постигнувања.

,, НАТО се уште не одлучил кога ќе ги прими Македонија, Албанија и Хрватска. Трите земји остварија добар прогрес кон НАТО, а нивниот партнер, САД, кои ги поддржуваат на тој пат, очекуваат да продолжат реформите и да се исполнат критериумите за влез во Алијансата.“ им одговори Николас Барнс.

Американскиот државен потсекретар и министрите од јадраднска тројка во Стејт депатрментот разговарале и за наредните чекори што треба да се преземат- Конкретно, како што изјави Барнс по состанокот, се бараат натамошни реформи во одбраната и придонес во мисиите на НАТО.

Во тој контекст, македонската министерка Митрева го спомена заедничкиот медицински тим што е дел од меѓународните сили за стабилизација во Авганистан.

Македонија, Хрватска и Албанија во 2003 та година заедно со САД ја потпишаа Американско јадранската повелба за да ги забрзаат напорите за влез во НАТО. Состанокот во американската претсталнина беше петти по ред во истиот состав, а на него традиционално, како набљудувачи присуствуваа и претставници на СЦГ и БИХ. Храватска најави дека планира одржување на јадранско – балтички – атлански состанок во Бриони кон крајот на април на кој што би се раѕговарало за помош на земјите од јадранската повелба за исполнување на критериумите кон НАТО.

Поврзана содржина