1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Барзани со ветувања до Рајс

*

Претседателот на курдските автономни власти во Ирак, Масуд Барзани и ветил на американската министерка за надворешни Кондолиза Рајс дека ќе се заложи за смирување на тензиите на границата меѓу Ирак и Турција. Барзани во телефонски разговор и рекол на Рајс дека ќе се обиде да ги убеди борците на курдската ПКК, да прекинат со борбите. Истовремено турскиот министер за надворешни Али Бабаџан отиде во Багдад на разговори со ирачкото раководство за решавање на проблемот. Претходно Рајс и британскиот колега Дејвид Милдбанд, го повикаа ирачкото раководство на поконкретна акција против борците на курдската работничка партија ПКК и повторно апелираа до Турција да се откаже од воена инвазија во Ирак. Според нив, такво нешто би водело до понатамошна дестабилизација на регионот.