1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Барање за укинување на визниот режим

Шефовите на дипломатии на осум држави-членки на ЕУ побараа од Европската комисија без одлагање, да се донесе одлука за укинување на визниот режим кон државите од Западен Балкан.

default

„Не“ за визите

Во писмото на министрите за надворешни работи на Естонија, Унгарија, Италија, Литванија, Летонија, Полска, Словачка и на Словенија упатено до потпретседателот на ЕК Жак Баро, еврокомесарот за проширување Оли Рен и шефот на чешката дипломатија Карел Шварценберг, тие бараат укинување на визниот режим за земјите од Западен Балкан.

“Веруваме дека неопходната одлука за олеснување на визниот режим треба да се донесе без одлагање откако државите ќе ги исполнат одредниците и критериумите“, се наведува во писмото.

Барањето на министрите, како “притисок“ врз државите-членки на ЕУ и европарламентарците да не се одолговлекува процесот, покажува и признание за постигнат напредок во четирите блока на Патоказот за визна либерализација.

“Комисијата би требало да донесе препорака без одлагање до Советот на ЕУ за укинување на визната обврска“, се додава во писмото на осумте министри.

Офанзивно лобирање

Македонската влада најави продолжување на активноста за лобирање со цел “македонската приказна да продре во сите сфери и институции на ЕУ“.

Mazedonien Der Vizeministerpräsident Ivica Bocevski

Македонскиот вицепремиер Боцевски



Визната либерализација “ќе овозможи сите граѓани на Република Македонија да се изложат на влијанието на ЕУ, и со тоа да постигнат темелна преобразба и трансформација на општеството“, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски.

Тој додава дека македонските граѓани, годишно, за визи трошат над пет милиони евра, а околу 70 проценти од младите никогаш не посетиле ниту една држава-членка на ЕУ.

“Визниот режим кон државите од регионот за една деценија го продолжи владеењето на ситните балкански автократии“, посочува Боцевски.

Македонија, според извештаите од Брисел, е далеку најнапредната од сите држави во регионот, и демонстрира силна политичка волја за завршување на процесот.

Конечниот извештај на ЕК се очекува кон средината на мај, кога Комисијата ќе даде препорака која држави или држави од западен Балкан се квалификувани за укинување на визниот режим.


ЖА/макфакс/миа