1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Барање за ослободување на заложниците

Здружението на муслиманите во Германија ги повика грабнувачите на двајцата Германци во Ирак, веднаш да ги ослободат заложниците. Претседателот на Исламскиот совет, Али Кизикаја за весникот “Билд ам зонтаг“ изјави дека грабнувањето во никој случај не може да се оправда со исламската религија, ниту со Коранот. Двајцата Германци, мајка и син, беа грабнати во Ирак на 6 февруари. Гранбувачите се заканија со нивно убивање доколку германската влада не ги повлече војниците од Авганистан.