1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Барање за одземање на имунитетот на Бакојани

Обвинителството на Грција побара одземање на пратеничкиот имунитет на Дора Бакојани, лидер на партијата Демократска алијанса, поради лажни податоци во даночната изјава.

default

Обвинителството ја сомничи Бакојани за непријавен имот во вредност од еден милион долари. Станува збор за пари инвестирани од страна на нејзиниот сопруг Исидорос Кувелос во зделка во странство.

Трансакцијата била целосно законски извршена, но сумата не била пријавена во даночната изјава на Дора Бакојани во функција на поранешен министер за надворешни работи.

Бакојани изјави дека барањето на обвинителството е тенденциозно и е резултат на борбата на нејзината партија против незаконското финансирање на партиите, што засегнува многумина.

„Парите на мојот сопруг се од неговиот бизнис со бродоградителство и се инвестирани на американската берза“, рече Бакојани одговарајќи на барањето за одземање на нејзиниот пратенички имунитет.