1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Барање да и‘ се изгласа недоверба на бугарската влада

Поради протестите во Бугарија, конзервативната опозиција поднесе барање да и‘ се изгласа недоверба на бугарската влада.

Опозициската конзервативна партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов денеска (19.09.) покрена иницијатива за изгласување недоверба на владата, која веќе три месеци се соочува со антивладини протести. Набљудувачите очекуваат барањето да доживее неуспех поради соодносот на силите во парламентот во Софија.

Владата на Пламен Орешарски, составена од социјалистите и партијата на Турците ДПС, го почна мандатот во мај годинава. Проевропското протестно движење во земјата бара нејзина оставка. Активстите ја обвинуваат власта дека се раководи од интересите на богатите олигарси во земјата.

Парламентот би требало да гласа за барањето за недвоерба во текот на последната недела од септември. ГЕРБ, која има 121 од вкупно 240 места во парламентот, нема доволно гласови за да успее во намерата. Социјалистите и ДПС ја фалат Владата, пред се‘ за она што го постигнала во сферата на социјалната помош и враќањето на данокот на додадена вредност на фирмите.