Барак Обама | Теми | DW | 16.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Барак Обама

Барак Хусеин Обама, роден на 4 август 1961 година во Хонолулу, е американски политичар од Демократската партија кој служеше како 44 претседател на САД од 2009 до 2017 година.

Обама стана првиот афро-американец избран на претседателската функција откако убедливо го победи републиканецот Џон Мекејн на изборите во 2008 година. Од 1997 до 2004 е член на Сенатот на државата Илиној, а во 2005 е избран во Сенатот на САД. Како претседател за негови најголеми успеси се сметаат реформата на здравствениот систем (Обамакер), законот за реформа на Волстрит и за заштита на потрошувачите. Во двата мандати јавно се залага за правата на хомосексуалците, заштита на климата и контрола на оружјето.

Покажи повеќе написи